Skip to content Skip to footer

КОВИД-19 КАКО АЛАТКА ЗА ПОЛИТИЧКА БОРБА И ЗАТВОР ЗА НАРОДОТ

РОДИНА МАКЕДОНИЈА воопшто не е изненадена од изјавата на потпретседателот на СДС Дамјан Мачневски кој се закани на целиот народ, ако нема договор за избори, вонредната состојба и затворот за целиот народ ќе продолжи.

Интересна нелогична корелација на КОВИД – 19 со избори, која од почетокот РОДИНА ја препозна како алатка на темните глобални системи и нивните локални испостави за затварање на народите, грубо фашизоидно кршење на човековите права и рушење на локалните економии.

Изживувањето врз македонскиот народ подолг период е на агендата на СДС, која се повеќе се однесува како по книга од некој луд кабалист, кој поред кршењето на основните човекови права, уништува на еден гнасен начин симболи на нашиот народ, ја навредува православната вера, фалсификува посмртници со КОВИД 19 итн…

Родина Македонија е згрозена и од молкот и соучесништвото на скоро целиот општествено политички духовен систем во ова злосторство против нашиот народ. Ваша должност е да му служите на народот, не само како морално духовна категорија, туку и како платежна, бидејќи сте платени со народните пари.

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“