Пишува: Виолета Петковска, член на Претседателството на Родина Македонија
Јовано, Јованке е интонирана лично по предлог од муртинската власт, сами себе се понижиле свесно и со намера се улижувачи бидејки мислат дека со тоа ќе добијат за себе поени и ќе профитираат од тоа со поддршка од рушителите на Македонија за вечно владеење!
Ништо чудно за предавниците, тие веќе не ја преставуваат Македонија, (а и не смеат) надвор, туку северна и сами си ја одбрале песната со која ќе ја преставуват новокомпонираната територија с* која уште им нема химна, па си бираат песнички. Оваа им беше предлог за Обединетото Кралство, а со која нова песна ќе заминат во посета на некоја друга душманска држава, треба да почекаме за да видиме и да доживееме уште срамови од непрокопсана и неинтелигентна жени, срам за женскиот род!
Со северна ја избришаа Македонија и со северна не оди македонска химна која го потврдува идентитетот на Македонија. Затоа, отишла свесно да покаже дека повеќе Македонија не постои, па дозволила со обична песна и со љубовна тематика да и свири при церемонијата за пречек!
Веќе немаат ниту дно, го пробија дното, клечат на колена и без око да им трепне ја предаваат и понижуваат Македонија и Македонците преку ликови, како овој лик срамно наречен министер за одбрана без достоинство, марионета која само слуша и одработува.
Во спротивно би знаела дека таа позиција не е за зелено џиш сако, за љубовна песна која не е за пречек во странска земја, туку за државна химна. Би знаела и дека таа позиција не е за шарлатанска неинтелигентна која дава непромислени изјави како да си разговара трач муабети со некој на пазар. Би согледала колку у наштетува на државата со паушални изјави и јавно завземање страна за време на воена криза и тоа на страна на фашист кој е погубен и штетен и за својот народ и за светскиот мир!
Толку може да очекуваме од човечкиот отпад, бројлери кои само слушаат, со испрани мозоци, профитери кои доброволно ја ставаат на коцка државата и чекаат од тоа да профитираат.. А за да траат волку и да ги прават сите овие предавствата им дозволуваме само ние Македонците! И трае, и траеее, и траее..
До кога народе ќе ги трпиме и ќе им дозволуваме вакви срамови и предавства, понижувања, муртинско ропство и тирански апархејд?
Дали се грижите што ја губиме Македонија!?