You are currently viewing МАГАРЕШКА КЛУПА

Колумна, Елизабета Чингарова Матевска

Се сеќавате на магарешката клупа?
Верувам дека секој од нас, кој е роден поодамна, има искусено „седење“ на оваа клупа. Во принцип, магарешката клупа беше за немирните ученици за време на часовите.
Всушност тоа беше општо прифатена, посебна „воспитна мерка‘‘ која замислете, функционираше!

Функционира и денес и тоа како функционира, но за држави со „посебни потреби‘‘!
Таква е северЏганија!

Имено сите посведочивме на константното лоцирање, од страна на „меЏународната‘‘, на северЏганската држава, а пред тоа и на РМакедонија, на локацијата „МАГАРЕШКА КЛУПА‘‘, како неминовна потреба на обезличувањето на македонскиот народ и држава!
Не дека сме-се немирни, напротив многу сме-се дисциплинирани-послушни-сервилни.

Прашањето како и зошто ја „заслуживме‘‘ магарешката клупа е прашање за друга елаборација.

Така си се најдивме на магарешкатааа клупааа …

-Од Лисабонската декларација! Забрана на употреба на зборот МАКЕДОНИЈА во името на државата со милениумско име МАКЕДОНИЈА! Кој е паметен нека го разјасни тој имбецилен апсурд!?
-Од посебниот услов за влез во ОН, иако Р Македонија беше дел од Антишистичкиот блок и основач на ОН!?
-Давање на привремена референца ФИРОМ- како статус на недоквакани!
-Наменско уфрлање на Бадентер, како услов за опстанок на државата.
-Корпа во Букурешт за прием во НАТО! Која будалаштина!
-Преспанскиот договор, кој има за цел ТОТАЛНО НАМАГАРЧУВАЊЕ!

-„Дефинитивен‘‘ прием во НАТО со помагарченото име северЏганија!
-Заедничка помагарчена историја, со „браќата‘‘ ни бугари!?

А ТОА ДВЕ ДЕЦЕНИСКО- БЕЗАЛТЕРНАТИВНО СЕДЕЊЕ НА МАГАРЕШКА КЛУПА ЗА ПРИЕМ ВО ЕУ, НЕМА НИ ПОЧЕТОК НИ КРАЈ! КАКО ДА САКАМЕ ДА ВЛЕЗЕМЕ ТАМУ! ? ЧУМУ!?
-Актуелно сега, по кој пат Макрон поствува, нова магарешка клупа, овој пат за поликтиколошко ЕУ превоспитување.

-ТОТАЛНО НАМАГАРЧУВАЊЕ со божемното сестринско- братско признавање на Охридската Архиепископија, но само на пастирите-свештенството- и на паствата – народот, во строги граници на северЏганија. Народец, кој толку време бил осамен и тажен, а сега веќе во „силната прегратка‘‘ на останатите ни христијански браќа!? Да се смееме или да плачеме!?

Кога и да е ќе има бричење, посипување со катран и кокошкини пердуви, КАЧУВАЊЕ НА МАГАРЕ И АЈТ ВО НЕПОВРАТ!

ПС
Не за џабе се потрошени илјадници евра буџетски народни пари за размагарчување на магарето, но магарето е магаре и знае само да рика….но ова нашево веќе одамна онеме…
ПС
Магарето, тоа прекрасно животно, е злоупотребено во случајов…

Напишете коментар