МАКЕДОНИЈА ПОТПИШАНА ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА НАВАЛНИ!

You are currently viewing МАКЕДОНИЈА ПОТПИШАНА ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА НАВАЛНИ!

Македонија е потпишана на заедничката изјава во рамките на 46-та седница на Советот за човекови права, со која се повикува Руската Федерација за итно и безусловно ослободување на Алексеј Навални и сите лица кои незаконски и произволно се лишени од слобода.

Родина Македонија смета дека овој чин претставува грубо мешање во внатрешните работи на нам блиската и братска Русија и е спротивно на македонските национални интереси и вредности.

Република Македонија и македонскиот народ се лишени од правото на самоопределување, слобода и право на избор, од првиот ден на независноста, токму од ЕУ и западните сили.

Родина Македонија потсетува дека токму ЕУ и западните сили, преку хибридна војна во Република Македонија инсталираа свој Навални, олицетворен во лицето на Зоран Заев.

Прекршени се Уставот на Република Македонија, волјата на македонската нација искажана преку Референдумите од 8 Септември 1991г. и 30 септември 2018 година, како и меѓународното право.

Родина Македонија се залага за почитување на суверенитетот на секоја една држава и изразува несогласување со одлуката на таканаречената влада на „Северна“.

БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ВРАЌАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА

https://www.rodina.org.mk/pristapnica/