Skip to content Skip to footer

Македонска Платформа и Црвени Линии! Со Суверенистичкиот Бајрак или под Предавничкиот! Бирајте!

Родина Македонија ги објавува Македонските Црвени Линии со изворна Македонска Платформа 2020 околу која ќе се собере чистиот, некорумпиран и непоткуплив Македонски суверенизам и со која или со пенкало со политичка револуција на избори или од улица ќе ги урнеме предавниците и ќе ја вратиме Македонија на Македонците!

Родина Македонија со ширењето на терен преку се побројни и помасовни општински комитети и собирање на врвен квалитет во 26те комисии и детална разработка на суверенистичката победничка визија со програмата Вистинскиот Македонски Пат, станува единствената организирана сила која ќе ја води борбата, и тоа токму онаму каде што корумпираните елити и нивни политички инсталации и контролирани опозиции одбиваат да ја водат: Борбата меѓу суверенизмот на слободољубивите народи на светот и глобалофашистичкото зло кое сака да ги избрише државите и границите со цел уништување и вечно ропство на народите и поединците.

Ги повикуваме сите представници на Македонците од сегашните соседни држави, иселеништвото, интелектуалците и слободољубивите движења, организации и партии да се запознаат со Македонската Платформа и да ја потпишат заедно со нас, собирајќи се околу суверенистичкиот победнички бајрак!

Расчистуваме со старото, корумпираното, и секој што нема да ја потпише платформата и Македонските црвени линии, и кому корумпираниот систем му е добар слободно нека си остане на ѓубриштето на историјата, за да не го валкаат новото со својот квази-патриотизам и да не одработуваат и залажуваат патриотски глас за тој секако да заврши на глобалофашистичка сметка.

Така на следните избори и на следните премрежа ќе се знаеме кој е кој, предавници, арамии на Македонецот и слуги на глобалофашистите, и ние, чисти, некорумпирани, непоткупливи кои ќе го урнат старото, гнилото и арамиското, и ќе го изградат новиот праведен и просперитетен систем во слободна Македонија со побогат, среќен, исполнет и горд народ, и ќе ја вмрежат Слободна Македонија во новиот мултиполарен свет кој го градиме заедно со сите слободољубивите народи на светот.

Македонска Платформа, Август, 2020.

За координирано делување за остварување на Македонската слободарска и суверенистичката идеја

  • Устав на Република Македонија како држава на Македонскиот Народ.
  • Судско процесуирање на сите организатори и учесници на анти-уставниот пуч од 27ми април 2017 и невалидност на сите акти донесени од нелегитимните институции од тогаш наваму.
  • Повлекување од Бугарскиот и Преспанскиот договор, повлекување од Привремената Спогодба нератификувана од Атина и враќање на Македонското знаме со шеснаесет-зрачното сонце.
  • Поништување на сите елементи од Тиранската Платформа, Пржинскиот и Рамковниот договор како не-уставни категории.
  • Укинување на законот за територијална организација од 2004та и на незаконските државјанства.
  • Поништување на приватизацијата и ефектите од неа од 1991 до сега.
  • Национализација на сите Македонски јавни добра раздадени во бесцење на приватни компании.
  • Намалување на државната, општинските администрации.
  • Чистење на институциите од кадри лојални на странски и на интереси на корумпираните елити.
  • Економски суверенизам и подршка за домашната и извозно ориентирана економија.
  • Образование во традиционален Македонски морален, историски дух и во склад со современите економски, технолошки и научни текови.
  • Суверена Народна Банка на Македонија, Суверен Денар и МакКоин.
  • Отпишување на сите надворешни долгови направени од корумпираните елити.
  • Запирање на сите глобалистички проекти за уништување на народите, преку валкани вакцини, био-оружја, опасни и непроверени технологии.
  • Спроведување на Референдумската волја на Македонскиот Народ: Не за ЕУ, НАТО и Северна.
  • Македонска Армија со задолжителен воен рок и редовна обука за народна одбрана.
  • Заштита и подршка на Македонскиот Народ во остварувањето на своите национални права во сегашните соседни држави, автоматски државјанства, враќање на иселеништвото во Македонија.