Skip to content Skip to footer

НАТО пропаганда во македонските градинки и специјална војна против нашите деца!

Видео од индоктринацијата:

Во месец јуни 2019 година во земјата Антиуставна и Недемократска Северна, урната од западните служби, воената организација НАТО изврши директна индоктринација на нашите деца во градинките, прикажувајќи се како хуманитарна организација, притоа кршејќи ги сите конвенции за заштита на детето при Обединетите нации, како и домашните закони за заштита на детето.

Да потсетиме, детето со Женевската декларација за правото на детето од 1924, како и Декларацијата за правото на детето усвоена од Обединетите нации од 1959 година, како и Универзалната декларација за правата на човекот, треба да биде воспитувано во духот на идеалите прокламирани од Повелбата на Обединетите нации, ПОСЕБНО ВО ДУХОТ НА МИРОТ, ДОСТОИНСТВОТО, ТОЛЕРАНЦИЈАТА, СЛОБОДАТА, РАМНОПРАВНОСТА И СОЛИДАРНОСТА.

Денеска НАТО е единствената воена организација која ги крши повелбите на Обединетите нации во делот на сувереноста на земјите, бомбардира и окупира суверени држави предизвикувајќи милиони недолжни жртви, претежно цивили, жени и деца, хуманитарни катастрофи, раселувања и деструкција на цели народи.

Само во случајот со Ирак од почетокот на санкциите до воената интервенција се починати 1 милион ирачки деца, за кои Медлин Олбрајт ќе изјави дека тоа е цената која мора да се плати за демократизијаца на општеството.

Денеска во Ирак процентот на деца родени со деформитет е покачен поради употребата на ураниумските бомби и другите воени хемиски средства од страна на НАТО.

Денеска во Либија после интервенцијата на земјите членки на НАТО врз оваа суверена земја во центарот на главниот град се продаваат луѓе како робје.

Во Сирија милиони луѓе останаа без своите домови, итн итн…

На Балканот се крие извештајот за италјанските војници на Косово, кои починаа од рак.

2001 се сокри комплетно целиот материјал за помагањето и логистика на албанските терористички организации од страна на НАТО против македонските безбедоносни сили.

2015 година имавме напад во Куманово од западниот протекторат Косово во кои погинаа македонски бранители.

Нам на свесните Македонци, кои немаат ништо допирно со Северните ни е целосно јасна улогата на НАТО во светот и таа улога на се повеќе народи секој ден им станува се појасна.

Кредибилитетот во светот на било која западна меѓународна организација е еднаков на НУЛА и ваквите методи на индоктринација на деца се очаен обид да се промени било што.

Родина не верува во овој државен систем кој е урнат по вертикала и хоризонтала и целосно е ставен во служба на тие кои го извршија државниот удар.

Затоа Родина се обраќа на македонскиот народ.

Заштитата, развојот и иднината на нашите деца е исклучива обврска на Македонците!

Детето во Македонија треба да биде заштитено од било каква идеолошка индоктринација, полова манипулација и тоа треба да се развива слободно во природна средина која е идеална за неговиот развој.

Детето треба еднаш за секогаш да се ослободи од хормоналните терапии кои ги прима преку храната на индустријата, кое е исто така еден вид на напад на неговата природна предодреденост.

Ограничен пристап до медиуми кои исто така се уште една алка во индоктринација на детето.

Нашата визија е безгрижно и среќно дете, кое расте во здрава средина, се храни со здрава храна од македонската земја и е згрижено во економски ситуирано македонско семејство кое ќе има повеќе време за свои заеднички моменти.

Затоа ве повикуваме сите заедно да се кренеме и да започнеме со возобнување на Македонија и македонскиот начин и стил на живот, светлиот поглед на светот, опозит на овој западен, насилен, полн насилство и смрт.

Биди дел од Иницијативата Родина

https://www.rodina.org.mk/pristapnica/