Честит 8-ми Септември Македонијо! Повторно ќе те ослободиме! Ни една окупација не траела вечно!

Во 1991 година македонскиот народ на референдум се изјасни за самостојна, независна држава Македонија, матична и единствена држава на македонскиот народ. Овој чин представуваше крунисување на вековниот стремеж и борба на македонскиот народ за свое место под сонцето, за слободен живот за рамноправност во светот. Последната официјално призната окупација на Македонија била за време на втората светска војна. Но ова само за вардарскиот дел, останатите сеуште се окупирани. Во таа официјално призната окупација, окупаторот, фашистичка Германија, преку своите балкански послушници Албанија, Бугарија и Грција, ја управува Македонија и ги тероризира Македонците. Сегашната окупација повторно е од истите актери. Преширока, иако преочигледна, е темата на светско ниво, затоа ќе се задржиме само за вардарскиот дел, или официјално Република Македонија. По прогласувањето на независноста од југословенската федерација во 1991г, во…

ПрочитајЧестит 8-ми Септември Македонијо! Повторно ќе те ослободиме! Ни една окупација не траела вечно!

Почитувана Амбасадорке, Добредојдовте во Македонија! А Северна може да биде Дакота, каде што со геноцид вашите предци ги протераа Индијанците!

Почитувана Амбасадорке, добредојдовте во Македонија. Ви благодариме за поздравното видео обраќање, но македонскиот народ во него очекуваше да слушне извинување во име на американскиот народ за грубото кршење на дипломатските кодекси и овластувања на вашите претходници, но и ветување дека вие ќе ги исправите нивните грешки. Изминативе години, кога станува збор за вашата амбасада, бевме сведоци на непочитувањето и подривање на суверенитетот на Македонија, мешањето во внатрешните односи, непочитувањето на институциите на системот како и попречување во работата на истите, па дури и вмешаност во терористичките активности од 2001 година чии актери станаа ваши миленици и штитеници се до денеска. Иако тие заедно со вашите претходници нелигитимно но со големa радост на истренирани платенички полтрони беа впрегнати заедно со Бејли, Сорос во предизборната претседателска кампања на САД во…

ПрочитајПочитувана Амбасадорке, Добредојдовте во Македонија! А Северна може да биде Дакота, каде што со геноцид вашите предци ги протераа Индијанците!

НАТО пропаганда во македонските градинки и специјална војна против нашите деца!

Видео од индоктринацијата: https://www.youtube.com/watch?v=sIMPpjH_ofk&fbclid=IwAR21ihKoZFtr3VxhMdAoI4v4j5dOL48GRUCVIvQw6IbSEceVd0WRnXRLJT8 Во месец јуни 2019 година во земјата Антиуставна и Недемократска Северна, урната од западните служби, воената организација НАТО изврши директна индоктринација на нашите деца во градинките, прикажувајќи се како хуманитарна организација, притоа кршејќи ги сите конвенции за заштита на детето при Обединетите нации, како и домашните закони за заштита на детето. Да потсетиме, детето со Женевската декларација за правото на детето од 1924, како и Декларацијата за правото на детето усвоена од Обединетите нации од 1959 година, како и Универзалната декларација за правата на човекот, треба да биде воспитувано во духот на идеалите прокламирани од Повелбата на Обединетите нации, ПОСЕБНО ВО ДУХОТ НА МИРОТ, ДОСТОИНСТВОТО, ТОЛЕРАНЦИЈАТА, СЛОБОДАТА, РАМНОПРАВНОСТА И СОЛИДАРНОСТА. Денеска НАТО е единствената воена организација која ги крши повелбите на Обединетите нации во…

ПрочитајНАТО пропаганда во македонските градинки и специјална војна против нашите деца!

Стоп за Орвеловската цензура на социјалните мрежи и преќутното одобрување на сите институции и корумпираните политички елити

Родина - Македонија го осудува најновиот бран на Орвеловската глобалофашистичка и анти-демократска цензура на Македонски патриотски портали и блогови како и лични постови на профили на поединци на  социјалните мрежи. Бришењето на објави или забрани за објави како и злоуотреба на алгоритмите во осенчување на патриотскиот Македонски глас како што беше случај со Дудинка.орг, Коложег.инфо, Слободен Свет и многу други портали, блогови и поединци итн, ја соголува диктаторската и недемократска природа на однадвор наметната нелегитимна Хунта која е свесна дека нема подршка во народот и дека со аргументи не може да победи. Родина истовремено жестоко го осудува и молкот и преќутното одобрување на сите институции и сите корумпирани политички елити во Македонија на вакви жестоки акти потив слободата на говорот, слободата на мислење и против слободата на поединецот…

ПрочитајСтоп за Орвеловската цензура на социјалните мрежи и преќутното одобрување на сите институции и корумпираните политички елити

Македонците не трпат лекции од подржувач на убиства, осакатувања и тепање на мирни демонстранти – француските Жолти Елеци

Еу ја држи вратата подотворена, да се влезе тесно е, а 30 години промаја тепа. „ЗОШТО СТЕ ТОЛКУ ОПСЕДНАТИ СО ДАТУМОТ, БЛЕСАВО Е ДА БАРАТЕ ДАТУМ ЗА СТАРТ НА ПРЕГОВОРИ, УШТЕ ИМАТЕ ПРЕМНОГУ ПРОБЛЕМИ!“ - изјави Тимоние, актуелниот француски амбасадор и одобрувачот на убиства на мирните француски демонстранти од жолтите елеци. Ова е ставот на амбасадорот на една од водечките европски држави. Судејќи по нашата состојба во однос на т.н. „евроинтеграции“, веројатно ова е ставот и на останатите евродипломати. Мудроста македонска вели дека ако лудиот начека некој збунет, нема да размисли двапати. Така и европејците со помош на нашата квази политичка елита прво добро го збунија народот, а после почнаа да го . . . И така едно добри 30 години народот е во бунило, ограбен е, се…

ПрочитајМакедонците не трпат лекции од подржувач на убиства, осакатувања и тепање на мирни демонстранти – француските Жолти Елеци

Демократијата е мртва! Учествувај со Родина во креирањето на изворни и праведни Македонски и глобални системи на државно уредување

Човештвото во моментов се наоѓа во клучен период на транзиција меѓу две големи парадигми на светската историја. Стариот свет, во кој сите ние израснавме веќе не функционира и не е по мерката на поголем дел од народите и луѓето, но е силно поддржуван од бившите центри на моќ и нивните глобални марионети кои имаат корист од неговата паразитна и деструктивна природа. Сепак, и покрај нивните жестоки напори, системот е толку затруен, изнемоштен и корумпиран така што не може и нема да трае. Во оваа фаза, оние кои профитираат од него го покажуваат пред светот своето “блескаво” Потемкиново село, служејќи се со измама, манипулација движени од ненаситност и страв од идната одоворност што ќе ја сносат. Но, помогнати од децентрализацијата на информациите преку социјалните мрежи и независни медиуми/блогови со…

ПрочитајДемократијата е мртва! Учествувај со Родина во креирањето на изворни и праведни Македонски и глобални системи на државно уредување