Skip to content Skip to footer

НЕКА НИ Е ВЕЧНА И СЛАВНА НАШАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНОСТ И НАШАТА ТАТКОВИНА МАКЕДОНИЈА!

Родина Македонија го честита државниот празник, Ден на македонската револуционерна борба на родољубивиот македонски народ и сите слободољубиви лојални граѓани на Република Македонија.

Празникот се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација (МРО) во Солун, на 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун. На тој датум се собрале шестмина млади Македонци, за да ги поставаат основите на организацијата, која што ќе стане симбол на македонската борба и револуционерност за ослободување на Македонија од вековниот завојувач и угнетувач.

Основоположници биле: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја македонски револуционерен комитет.

На основачкиот состанок усвоиле програма за дејствување. Бил усвоен Устав на Организацијата (во почетокот на 1894г) и се конституирал Централниот комитет (претседател д-р Христо Татарчев, секретар Дамјан Груев). Била изградена мрежа на Организацијата во поголемите центри во Македонија (до средината на 1894г). Особено силен подем бележела по стапувањето во членство и во раководењето на Гоце Делчев, Пере Тошев, Ѓорче Петров, Јане Сандански и други македонски револуционери.

Организацијата била основана и нејзина заложба била ослободување на Македонија и Одринско со сопствени сили, без помош од надвор. Формирањето на МРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, а потоа преку НОБ резултира со создавање на современа самостојна македонска држава. Овој датум преставува континуитет на организираната борба на македонскиот народ за формирање на независна држава. Во политичка смисла, преку автономија до формирање самостојна држава.

Овој ден има посебно значење во овие неколку години, кога на најперфиден начин од страна на заговорничките светски големи сили се врши целосна демонтажа и уривање на суверенитетот и интегритетот на македонската држава, преку инсталација на марионетска платеничка власт и колаборационистичка опозиција, преку потпишување на субверзивни договори, Преспанскиот договор со Грција, Договор со Бугарија, Договор со Албанија, т.н. Тиранска платформа.

Базата на овој историски датум, 23 Октомври, е значајна и се пресликува, во многуте востанија посебно Илинденското востание и Крушевската република, како и во народно ослободителната борба (НОБ) и донесените одлуки на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ, 1944).

Преку силно искажаната народна воља за осамостојување на Референдумот од 8 септември 1991г, за „Суверена смостојна држава Македонија’, се продолжува таа првична организирана есенцијална заложба за сопствена татковина.

Вољата и заложбата за своја суверена татковина е дефинитивно потврдена со народните ТРИ НЕ на Референдумот од 30 септември 2018 година,

  • Не за НАТО,
  • Не за ЕУ,
  • Не за МЕНУВАЊЕ НА НАШЕТО ИСКОНСКО ГЕНЕРИЧКО ИМЕ МАКЕДОНИЈА!

НЕКА НИ Е ВЕЧНА И СЛАВНА НАШАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНОСТ И НАШАТА ТАТКОВИНА МАКЕДОНИЈА!