Се сеќавате на познатата изјава на сегашниот таканаречен премиер на таканаречената дивоградба „Северна“, за Ајрото?
Нема Ајро, Ајро нема, Ајродроооом, а нема Ајро…
Нивните прошетки со скафандери во изборните кампањи?
Тогаш беа опозиција, сега се власт!
Вредностите на загадување на воздухот кои ги покажуваат мерните станици воопшто не се подобрија, напротив, тие постојано се влошуваат, без разлика кој е власт, а кој е опозиција.
Прикривањето на криминалот со отпадот, кој прави профит во милиони евра годишно, постојано се прави со театар и дефокус од главниот виновник за истиот.
Отпадно уље како мазут е мало бебе во однос на опасниот отпад со штетни и тешки хемиски елементи кои се увезува од Италија и други земји, преку балкански дилери.
Последиците?
Зголемена смртност, многу поголема од Сарс Ков 2, канцер кој во 95% случаи завршува со смрт, стерилитет, леукемија, итн…
За разлика од Сарс Ков 2, оваа смртност никој не ја кажува на дневна основа во Македонија, зошто? Затоа што и медиумите се дел од тој систем.
Состојбата со домаќинствата во Македонија е исто така очајна, поголемиот дел се греат на начин како од каменото доба, со дрвата на опустошените шуми, кои на диво се сечат.
Јужен ток не чинеше, мораше со Шарена револуција да го рушиме за да го чекаме гасот да ни пристигне од Израел, преку Гренланд.
Суштината на проблемот, не само со загадувањето на воздухот, туку и со загадување на свеста на населението со медиумското лоботомирање, едноумие и етноцидот „Северна“, загадување на здравата детска мисла со сеопфатното сексуално образование, загадување со не квалитетна увезена храна, пестициди, валкани вакцини, фалсификат медикаменти, загадување на воздухот и зафаќање на природните теченија на реките, имаат една и единствена цел, профит на една мала клика, која себе си се нарекува елита и воспоставување на систем каде народот ќе биде сведен на обично заморче, кое ќе умира во беда и болести.
Бедна е состојбата на целокупниот државен систем, кој за мнозинството население законот го спроведува до запирка, а на елитното партиско малцинство му е дозволено на големо работење над законот.
Се повеќе ни станува јасно дека целокупниот сегашен политички систем е корумпиран и компромитиран и во функција на криминалот и дека нацијата која уплаќа над 3 милијарди евра во Буџетот, е ограбена.
Нам ни се потребни нови организации кои профитот ќе го сведат на еснафско и здраво работење на сите претпијатија, банки, меѓународни корпорации, почитувајќи ги идните строги регулативи за заштита на здравата средина и вистинско вреднување на сите чинители во производниот и други процеси.
Нема да повикаме ништо од овој систем, затоа што системот сам по себе е проблем, од царина, инспектор, политичар, судија, врховен судија, обвинител.
Ќе повикуваме на менување на комплетниот анти-вредносен подобен партиски систем, со систем на вредности, каде најдоброто од нашата нација ќе работи по закон и Устав на Република Македонија.
Родина Македонија, како една од најмладите организации на македонската политичка сцена, постојано укажува на проблемот со загадување.
10 Ноември 2019,
Поради корумпираниот човечки отпад на власт, на само 6 км од центарот на Скопје се складираат канцерогени отрови
https://rodina.org.mk/%d0%bf%d0%be%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0…/
31 јануари 2020,
ЗАГАДУВАЊЕТО И ОТПАДОТ ВО ОПШТЕСТВОТО ОЛИЦЕТВОРЕН ВО „СЕВЕРНА“
https://rodina.org.mk/%d0%b7%d0%b0%d0%b3%d0%b0%d0%b4%d1…/
25 ноември 2021
ЗАГАДУВАЊЕТО И ЗДРАВЈЕТО НА НАЦИЈАТА!
https://rodina.org.mk/%d0%b7%d0%b0%d0%b3%d0%b0%d0%b4%d1…/
Станете активист, поддржувач на Родина Македонија!