Почина педесет и три годишниот текстилен работник Ристе Донев, кој цел живот од својот труд одделувал во Буџетот на Македонија, во здравствениот и пензински фонд. Почина затоа што за свои пари не доби соодветна лекарска грижа.Беше незгрижен од државните болници, а во приватна болница му беа побарани 12.000 евра за лечење од КОВИД 19.
Сочувство до семејството!
Ова е само еден тажен пример за знајните и незнајнитe кои ја изгубија битката со болеста заради негрижата, недоволната застапеност на медицински персонал (потценет, не доволно стимулиран), заради немањето опрема, заради недоволните капацитети. Заради несериозноста за воспоставување на вистинска стратегија за соочување и борба со болеста, но и самобендисаност и недозволување вистинските стручни лица да ги добијат потребните позиции!
Родина Македонија ја прашува Владата на протекторатот Северна, дали во вонредни услови важат вонредни мерки за сите, вклучително и здравствените приватни и државни установи? Потсетуваме дека сите тие силни приватни установи, амбуланти, поликлиники, клиники, итн. се полни со медицински кадар чие образование и силни специјализации ги плати овој народ!
Дали сѐ уште важат протекциите за кревет повеќе, за ефикасен лек, за навремено тестирање!?
Што стана со ветувањето на министерот Филипче, „Бесплатно здравство за секој поединец низ цела Европа!“? Цела Македонија беше облепена со тие предизборни плакати, билборди , како сакате наречете ги! А чесниот обврзник не може да добие ниту минимална навремена грижа во државното здравство!
Сериозно сме посрамени и до болка изненадени, кога еден еминентен кардиохируг од светски профил, нуди успешно лекување од Ковид-19 по посебна метода, која чини фантастични 12.000 евра, но само за еден третман. Се саморекламира на сите ТВ екрани! Па тој истиот еминетен кардиохируг, на поклон од македонскиот народ ја доби „својата прва болница“!? А зошто? За да нѐ лечи нас или да се богати на наш грб!?
Сведоци сме на секојдневнита очајни апели на семејствата кои индивидуално молат, собираат финансиски средства, продаваат сѐ што имаат, бараат крвна плазма да спасат членови на своето семејство, блиски, пријатели. Зарем ова е одлика на една социјална држава!? Зарем немавме поука од нашата мала Тамара!?
Засрамете се! Доволно беше! Тргнете ги рацете!
Потсетуваме и на Уставот на Република Македонија,
Член 39
На секој граѓанин му се гарантира правото на здравствена заштита.
Од првиот ден, на појавата на т.н. пандемија, Родина Македонија укажува на погрешниот пристап во борбата со корона вирусот Сарс-Ков-2, непотребната паника во медиумите, погрешно трошење на енормни средства на тестирања кои не докажуваат ништо, лажирање на посмртници, фалсификување на податоци, затварање на економијата, каранитни, итн…
Фокусот треба да биде ставен на смирување на состојбите во некрофилските медиуми, пренамена на средства за засилување на здравствените капацитети и услуги, помош на социјално загрозените семејства, заштита на ризичните групи, јакнење на домашната економија.Понатаму, активирање на општините и општинските капацитети за помош на населението, преку едукација, помош од секаков вид. Од финансиска, на социјално загрозените семејства и поединци, доделување на средства за дезинфекција и заштита, помош при набавка на продукти, сѐ до активирање на возен парк за потребите на населението! Такви примери има секаде, зошто да нема и кај нас!?
Бараме неизоставна, итна оставка на Владата на Република Македонија, која се покажа како крајно опасна по животот на граѓаните на Република Македонија, како и по македонските национални интереси и формирање на Експертска техничка влада. Овој чин иако закаснет, во секој случај ќе ја релаксира состојбата и ќе внесе нова надеж во решавање и разврска не само од ковид кризата, туку и на целосната политичко економска хаотична криза која ја наметна оваа платеничко марионетска развласт!
Благодарност и респект кон сите здравствени работници кои безпоштедно се даваат во оваа борба, без посебна надокнада и привилегии.