Skip to content Skip to footer

ОД ДЕНЕШНАВА РЕПРИЗА НА ФАШИСТИЧКАТА ИДЕЈА ЗА ПОДЕЛБА, МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ПОСИЛНА И СУВЕРЕНА!

Една недела како една деценија, се разбира не квантитативно, но квалитативно многу наликува на деценијата во која се одвивала втората светска војна. Германци, Италијани и Американци од позиција на моќ и локални предавници кои „отлично говорат блгарски“. Македонците како и тогаш, така и денес, на прагот на уништувањето, духовно, економски и физички.
Т.н. „влада“ била фокусирана на „продолжување на остварување на националните интереси“, изјави нејзиниот технички премиер на средбата со американската амбасадорка. На чии национални интереси мислеше Спасовски останува да си толкуваме самите. Имајќи во предвид дека оваа влада не е избрана од македонскиот народ, а партијата од која доаѓа Спасовски се покажа како лидер во соработката со македонските душмани, сигурно мислел на американските, грчките, албанските, бугарските и чии се не национални интереси, само не на македонските.
Во истиот ден и лидерот на т.н. опозиција, Мицковски, се сретна со американската амбасадорка. Веројатно амбасадорката, исто како и македонскиот народ ги гледа и третира како едно исто, па во ист ден ги кани на средба. Мицковски ѝ се заблагодарил на амбасадорката за помошта која САД од осамостојувањето до денеска и ја дава на нашата држава. За каква помош се работи и колку е таа ефикасна за македонскиот народ, си знаеме ние обичните граѓани исто како и нашите сонародници под грчка окупација, каде што САД од тогаш па до денеска го имаа главниот збор, но и од каде што во дипломатската служба доаѓа дотичната амбасадорка. Благодарноста на Мицковски може да се разбере единствено во контекст на неговото однесување при средбата со Борисов, кога за себе и своите соработници се изјасни под чие влијание се и тоа на бугарски јазик. Ова однесување на Мицковски можеби и го објаснува официјалното отсуство на бугарската дипломатија оваа недела во старото добро друштво на Америка, Германија и Италија.
Министерот за внатрешни беше задолжен за италијанскиот дел од приказната, тој се сретна со италијанскиот амбасадор. Останува нејасно зошто и покрај ставот на неговиот лидер дека постојат многу нерешени корупциски скандали поврзани со сдс, тој како прв полицаец зема најпрво да ги апси своите членови со најголем партиски стаж. На времето и Ванчо Михајлов, исто со одлични релации со фашитсичка и повоена Италија, прво ги чистел своите неистомисленици од редовите на ВМРО. Чудни коинциденции.
И за крајот на приказната, се разбира заслужува да се најде средбата на најголемиот македонски предавник во поновата историја Заев, со европратеникот Шидер, сосема очекувано по потекло од германското говорно подрачје. На оваа средба Заев зборувал за исправање на некои историски грешки. Ако се земе во предвид ставот на ЕУ, а посебно на некои нејзини членки кон македонското прашање, но и активната негативна позиција на Заев изминативе неколку години, можеме да замислиме какви историски грешки се спрема да исправа.
Останува на македонскиот народ на претстојните парламентарни избори да ја испрати во историјата актуелната ненародна, петоколонашка, т.н. политичка елита сдс-дпне и еднаш за секогаш да расчисти со антимакедонските елити инсталирани со децении на овие простори. Шанса имаме и можност секако, останува само ја победиме во своите глави безалтернативноста на еу/нато пропагандата да одлучиме да го сториме тоа, да ги превземеме работите во свои народни македонски раце.

БОБИ ЃОРЃИЕВСКИ, ЧЛЕН НА ИО-РОДИНА МАКЕДОНИЈА

Приклучи се во првите 1000 основоположници кои во рекордно време следниве неколку недели ќе ја формираат единствената Македонска, суверенистичка, непоткуплива и визионерска опција за градење на Македонија на здрави темели за следните 1.000 години

Листа на нотари: