Дали постои увереност дека страданиjата на Македониjа се казна Божjа? Признавам, jас не сум уверен во тоа. Така човек може длабоко да се огреши, ако смета дека сите народни или лични страданиjа се казна Божjа.
Трите крста на Голгота не учат да бидеме краjно внимателни при оценката на било чие страдание и причините кои довеле до нив. На централниот од трите крста беше синот Божjи, коj великодушно ги презеде врз себе гревовите на целото човештво, а лево и десно од Него беа разапнати разбоjници и крадци, кои на таков начин ги доодуваа последните чекори од овоземскиот пат, одговараjки за своите (не)дела, сторени по сопствен избор.
Тогаш… дали разапнувањето на Човекольубецот беше казна, ако се знае сето ова?
Во долгиот ред на страдалници стоjат пророци, апостоли и голем броj на светли праведници. Нивните маки не преставуваа казна, а и ако страдаа за нечии гревови, тогаш ,точно не за сопствените.
За страданиjата на Света Македониjа допуштено е многу време, но заради чии гревови се тие маки и катарзи, постоjано и одново?Зарем Македониjа е повеке грешна од другите земjи, та заради тоа бесконечни се неjзините непреболи преку растргнувања?
Македониjа и Македонците се разапнуваат одново и повторно , од причини кои се познати на светските силни , поврзани со мисиjата на Александар , а 1.100 години подоцна ; консолидирањето на Славjаните преку Големото Новгородско Кнежевство и Рурик , по род Македонец, припадник на народот Бодричи , првиот кнез на Славjанскиот Соjуз , со главни градови Новгород на север и Киев на jуг. Од таа 861 г. , Славjаните престанале да бидат робовски материjал и извор на богатство за Хазарскиот Каганат. Свjатислав , неговиот внук го разбил Каганатот во последните години на 10-тиот век , разоруваjќи ги градовиvтеv Идиљ на устието од реката Волга во Каспиското Море , и западната престолнина Беловежск.
Во 1147 Jуриj Владимирович Долгоруки Рурикович , како Кнез Ростовско- Суздаљски ги поставува темелите на Москва Златоглава ( според Ипатиевските летописи ). Тоа го потврдува и J. Русо , пишуваjќи за македонските основачи на градот Москва , изграден на двата брега од истоимената река.
Во 860 година, Константин Филозоф и неговиот брат Методиj , пристигнале на полуостровот Таврида ( Крим ) во градот Корсун , испратени од Ромеjскиот василевс Михаил Трети , во намера да ги христиjанизираат Хазарите , да jа намалат нивната алчност и крволочност. Jудеизмот , од 7-от век властвувал во Каганатот , и мисиjата на Солунските Браќа имала умерен успех.
Династиjата Рурикович , регуларно го напаѓала Цар Град ( Константинопол ) уште од времето на Алег Вешчи во 904 , изнесуваjќи богатства од ахаjската Ромеjска империjа , и држеjќи ги во постоjан страв Грците.
Целиот Свет може да види две нешта поврзани за Македониjа:
-Македониjа гори во во пламенот на страданиjата исто така како што гореа Трите Отроци ( Трите Момчина) во вавилонската печка, заради тоа што не сакаа да му се поклонат на Златниот Идол, боготворен од Кралот Нав(б)уходоносор .Но како што знаеме Отроците излегоа неповредени од печката, коjа што беше ,, шеесет лакти во висина и шест лакти во ширина,, зошто имаа силна вера во сопствената правина и таа вера ги спаси. Верата ги спаси преку Архангел Михаил , коj не дозволи бесниот оган да им нанесе зло.
-Безбожните мисли и деjаниа кои се шират низ Македониjа, се производ на други, географски одалечени народи, чии што господари ги шират своите отровни вистини со скапи воени бродови и уште поскапи , железни птици , натоварени со ,, демократски,, ракети и бомби.
На овие простори битисуваат луге, кои генерации наназад живееле живот заеднички, живот комшиски и живот братски.Заедно во арно и во помалку арно, почитуваjки се мегусебе без оглед на разните патишта до Бога.
Отфрлаjки ги тие инородни планови за Македониjа, ние им противставуваме наш, македонски план за иднината на Република Македониjа. Тоа е план коj се состои во зачувувањето на Република Македониjа како земjа со истото име, идентитет и jазик, коjа ке се грижи за сопствените национални интереси и коjа ке се договара со останатите држави врз принципите на рамноправност во билатералните односи и взаемно почитување.
Тоа е алтернативата на Република Македониjа за коjа што ни тврдат дека не постои, а неговата сила е се поголема дури и во ЕУ, коjа што бара начин за поблиска соработка со Руската Федерациjа , НРКина( или Поднебесната, како што милуваат Кинезите да jа нарекуваат своjата родина) и други држави кои што го негуваат суверенизмот кон краjот на глобалистичкиот- феудален систем .
Во исто време нашите политички номинклатури ни предлагаат,, инкапсулирани,,( законсервирани мисли од минатото) проекти уште еднаш навредуваjки и недооценуваjки jа интелегенциjата на Народот од коj што и самите потекнуваат, ама заборавиле.
– Народ што се бори- опстоjува, а народ што се потчинува- исчезнува!!!
Зоран Курљан, член на ИО-РОДИНА
Бидете дел од иницијативата за политичка партија „Родина“
https://rodina.org.mk/pristapnica/