Skip to content Skip to footer

ПОВИК ДО СИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ ЗА ЗАЕДНИЧКО СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕЛЕГИТИМНИ И НЕЗАКОНСКИ ИЗБОРИ

Изборите на 15ти Јули се нелегитимни по многу основи како: нивната незаконитост, антиуставност, бирање на дата која се коси со законите, нарушувањето на правото да се бира и да се биде биран, како и самата насилност, неморалност и корумпираност на изборниот процес!

Правото на Родина Македонија да поднесе изборни листи за идни избори со уставно и законски закажана дата, незаконски беше одбиено на 9ти Јуни 2020, уште пред тие незаконски и насилно да бидат закажани за 15ти Јули. Ова, како и исклучувањето на две други партии, го крши основното уставно-загарантирано право на секој граѓанин да има право на глас и да има право да бира и да биде биран, туку му се нуди анти-уставно пре-селектиран избор.

Исто така, сега закажаната дата од 15ти Јули се коси со распишаните избори од страна на нелегитимниот претседател на Собранието Талат Џафери, со датум 16 февруари 2020, завршија 90 дена од тој датум, односно на 16 мај 2020 година, според член 12 од Изборниот законик на Република Македонија. Таа постапка неповратно е завршена.

Следните избори треба да бидат не помалку од 70 и не повеќе од 90 дена од денот на распишување на нов датум на избори, со почитување на целата процедура според Изборниот законик и Уставот на Република Македонија, секој граѓанин да има право на глас и да има право да биде биран.

Грубото кршење на изборната процедура и одржување на избори во услови на 5 последователни вонредни состојби, под маски, психоза и страв од „опасниот“ вирус, се само избори во служба на истите сили кои ја урнаа Република Македонија!

Затоа упатуваме ЈАВЕН ПОВИК  до политичките партии, да го спречиме заедно ова злодело кон Македонија и македонскиот народ, кое се повторува во континуитет и кое е водено од еден балкански крак на длабоката држава! Родина Македонија веќе ги извести меѓународните организации за незаконитоста и нелегитимноста на корумпирано организирабните избори на Пржинската сдс/дпне коалиција како и домашните институции за надзор со цел создавање документација за идно кривично гонење на сите соучесници во планираните нелегитимни и украдени избори. Да застанеме сите заедно во враќање на институциите, процедурите, Уставот на Република Македонија!

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“