Skip to content Skip to footer

Повик Родина

Бидете дел од Родина,

Како нејзин член, како стручен соработник, како независен експерт, како слободен уметник, дури и анонимно, да ја рашириме новата визија за Македонија за 21 век во мултиполарниот свет со авангардната програма Вистински Македонски Пат.

Имаме потреба од графички и веб дизајнери, инжинери за социјален маркетинг, видео продукција, експерти во разни области, луѓе кои сакаат да придонесат во кревање на нешто навистина ново и вредно за нашата земја и народ.

Да го пробиеме информативниот мрак, да допреме до повеќе Македонци, да го запалиме светленцето насекаде, да влезе македонското сонце во секој дом.

Редржавизацијата на Македонија е враќање на државата во нејзина природна состојба, да биде сервис и дом на секој Македонец, на Македонскиот народ во татковината и надвор од неа.

Затоа сте ни потребни заедно да стигнеме на целта, само така и може да успееме.

Македонија е обврска на сите нас!

Бидете дел од иницијативата за политичка партија „Родина“