You are currently viewing ПОВИК!

Почитувани родољуби, браќа и сестри Македонци,
23 Октомври е „Ден на револуционерната борба на Македонија”. Овој ден кај народот е попознат и како денот на #ОРГАНИЗАЦИЈАТА.

Празникот се празнува по повод основањето на МРО (Македонска Револуционерна Организација) во Солун 1893 год. Желбата од самиот почеток била ослободување, осамостојување и спас на Македонија и Македонците.
На овој датум идејата и напорите за остварување на желбата добиле организиран облик.

По тој повод РОДИНА МАКЕДОНИЈА ве повикува на 23 Октомври, недела, сите заедно да го одбележиме овој ден со моторизирано дефиле низ градот.

ТРГНУВАМЕ: 18 часот, црква „Св. Петар и Павле“ во г. Лисиче
ЗАСТАНУВАМЕ И ОДДАВАМЕ ПОЧИТ НА СПОМЕНИКОТ НА ОСНОВАЧИТЕ НА МРО: Наспроти Собрание на Република Македонија (18:30)
ДЕФИЛЕТО ГО ЗАВРШУВАМЕ кај црквата „Св. Петар и Павле“ во нас. Ѓорче Петров

Настанот е по иницијативата на движењето „Сончева Револуција” и традиционално се одржуваше пред „пандемијата” и вонредните состојби.

Нека овој ден биде симболично воскреснување на #ОРГАНИЗАЦИЈАТА за спас на Македонија. Сите заедно да го прославиме и одбележиме.

МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ!