ПОДДРШКА ЗА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ!

Родина Македонија смета дека Р.Македонија е владеена од тоталитарна и деструктивна хунта која што уништува се македонско. Нејзиното владеење започна со фрлањето во зандана на нашите браќа уставобранители, кои го бранеа уставниот поредок на Република Македонија.

На 27.04.2017 година започна погибелта на Македонија и Македонците со фингираниот случај “жртви на тероризам”. Истиот фингиран и крајно перфиден настан беше искористен за правење пуч врз легитимната власт, настан кој е финале на хибридната војна водена од надвор. Во тој подмолен чин хунтата осуди луѓе само затоа што пееле песни во “Народното собрание на Р.Македонија”, додека во истиот ден НЕУСТАВНО, надвор од СОБРАНИСКА СЕДНИЦА, БЕЗ ПОТРЕБНО МНОЗИНСТВО избра Претседател на Собрание.
Осуди родољуби и честити луѓе на 20 години затвор за две шлаканици или скубење за коса. Вистинските терористи тогаш го започнаа својот терор врз Македонија и Македонците.

Затоа Родина Македонија ќе го подржи собирот во нивна чест и ве повикува со националното знаме и пораки до уставобранителите, што помасовно да излезете за да им оддадеме поддршка и почит на нашите браќа, а воедно да и укажеме на хунтата дека е готово со нејзиниот тероризам и злосторства против човештвото.

Родина Македонија ги подржува браќата уставобранители безрезервно и беззадршки.

Семакедонскиот протест започнува со собирање на учесниците пред Владата од 11 часот. Маршот од пред Владата тргнува во 12 часот, а оттаму ќе се движи по булевар “Даме Груев“, Булевар “Димитрие Чуповски“, Булевар “11 Октомври“, до Собранието на Македонија во 13 часот.Семакедонскиот Народен протест пред Собранието ќе трае до 15 часот.

https://www.facebook.com/events/193776368987127/?ti=ls

БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ВРАЌАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА

https://www.rodina.org.mk/pristapnica/

Напишете коментар