Skip to content Skip to footer

ПОЗДРАВИ ДО БРАТСКИОТ РУСКИ НАРОД ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ ДЕНОТ НА РУСИЈА

РОДИНА МАКЕДОНИЈА упатува срдечни и топли поздрави до братскиот руски народ кој денес, на 12-ти јуни го прославува Денот на Независноста на Русија!

Тоа е ден кога славниот руски народ ја одбележува и со право се гордее на својата историја, култура, традиции и достигнувања во многу области на науката, уметноста, но и со сегашниот брз економски и општествен развој и обезбедување на благосостојба за секого. 

Посебно сакаме да ја поздравиме конструктивната улога на Русија во денешниве глобални тектонски промени предизвикани од распадот на униполарниот военохушкачки систем, и нејзината лидерска улога во светот преку примената на суверенизмот во Русија и негова одбрана на глобално ниво против глобалофашистите кои сакаат да ги избришат границите и нациите во корист на една рака мултинационални корпорации. Примери има безброј: Сирија, Турција, Иран, Венецуела, каде заедно со суверенистичкото крило во Кина ги одбрани суверените нации и го крена моралот и надежта на сите слободољубиви народи за нов, праведен и слободен мултиполарен свет.

Нашата татковина Македонија, овие години се наоѓа под окупација на тој глобалофашистички систем. Извршена е насилна обоена револуција, анти-уставен пуч на 27-ми Април 2017, насилна промена на името во Северна, бришење на македонскиот идентитет и на сила е втерана во воено-криминалната организација НАТО и покрај јасните ТРИ Референдумски НЕ на македонскиот народ, Не за Северна, Не за ЕУ и Не за НАТО! РОДИНА МАКЕДОНИЈА го признава само уставното име Република Македонија и си зема обврска да ја почитува волјата на македонскиот народ. Ќе ги поништи сите последици и акти од анти-уставниот пуч, ќе ја извади Македонија од НАТО и ќе ја внесе во праведниот суверенистички одбранбен глобален систем, Шангајската Организација за Соработка, ШОС.

РОДИНА МАКЕДОНИЈА ќе ги обнови блиските и братски односи со Русија, неприродно прекинати од други глобални интереси во последниов век и како што е наведено во геостратешката програмска стратегија, ќе ја вгради Македонија во Евроазискиот сојуз на братски слободољубиви народи од Лисабон до Владивосток.

Така ќе ги обновиме блиските историски врски меѓу двата братски народи кои влечат корени уште од Александар Македонски со Бодричите(Македонјаните) и Рурик кој се вгради во создавањето на руската држава, преку македонските и сесловенски просветители Св. Климент и Наум, Св. Кирил и Методиј, учеството на македонскиот полк доброволци во Кримската војна во XIX-тиот век и дејноста на македонските интелектуалци и борци за национална слобода во Ст. Петерсбург, Димитрија Чуповски и Крсте Мисирков, Браќата Миладиновци.

Слава России! Македонија Вечна!

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“