ПОПИС НА ОТВОРЕНО!?

You are currently viewing ПОПИС НА ОТВОРЕНО!?

Геополитичкиот проект Попис 2021, воден од западните стратешки гробари на Република Македонија и нивните регионални измеќари, во кој Македонците треба да бидат во број помал од 60%, продолжува со апсурди.

Попишувањето ќе се вршело пред вратите, или во дворовите на становите и куќите, вели директорот на државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

Знае ли овој експерт дека во Папуа (Нова Гвинеја) во 1996г. бил направен обид за јавен попис на отворено, се сметало дека така е поефтино и побрзо. Бил прекинат после три дена, зошто сите случајни минувачи и соседи застанувале и слушале како ќе се попишат нивните соседи. Тоа што не функционирало во Папуа пред 1/4 век, сакаат да го експериментираат во срцето на Европа? Уште еден експеримент? Нели ви беа доволни досегашните?

Ваквите ненормални изјави и идеи, потврдуваат дека самиот процес на попишување е фарса, без методологија и без меѓународни стандарди за попишување, додека суштината е федерализација на Македонија, која веќе е на масите на старите кројачи на карти на Балканот, денес стратешки евроатлански партнери.

#НеПризнавамРезултатиПопис2021

#НеОтварамВрата

#НемаЗаконНемаПопис

#НеЗаЕтноцид