Родина Македонија
Кои сме ние
Ние сме обичниот македонски народ, ја делиме судбината со мнозинството и се залагаме за правда и еднаква можност за сите.
Зошто ние
Ние започнавме да се организираме во тоа што е одлика на нашиот народ. Чест, морал, соборност, традиција и систем на вредности.
Каде сте вие
Без вас, сето ова е залудно. Силата е во разбудената единка која работи заедно со други единки, за доброто на целиот народ и нација.
Како започна
Започна како активизам на улица, за Македонија.Предадени од политичките структури решивме да кренеме Организација на народот.
Нашите Ставови Реакции Соопштенија
РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ, 20.12.2024 (петок), 20:00
ТЕМИ: „ЗАПАДНО СПОНЗОРИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗМОТ ВО СВЕТОТ; ВЕСТИ ОД НОВИОТ ПОСТЗАПАДЕН СВЕТ“ УЧЕСНИЦИ: ЗОРАН ЈОВАНЧЕВ – Член на претседателството на Родина Македонија НИКОЛА ЧОНЕВСКИ – Член на претседателството на Родина Македонија На нашиот јутуб и рамбле канал https://www.youtube.com/@rodinamakedonija
РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ, 13.12.2024 (петок), 21:30
ТЕМА: “МЕЃУНАРОДЕН, СОМЕН НА АЛЕКСАНДАР И МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА” УЧЕСНИЦИ: ТОМЧЕ ШИРКОВ – Претседавач на претседателството на Родина Македонија СТЕФАН АЦКОВСКИ – Претседавач на Родина Млади На нашиот јутуб и рамбле канал https://www.youtube.com/@rodinamakedonija https://rumble.com/user/RodinaMakedonija
РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ, 6.12.2024 (петок), 20:00
ТЕМА: “ШАРЕНИТЕ РЕВОЛУЦИИ КАКО АЛАТКА ВО ГЕОПОЛИТИКАТА; АКТУЕЛНИ ПОЛИТИЧКИ СЛУЧУВАЊА” УЧЕСНИЦИ: НИКОЛА ЧОНЕВСКИ – Член на претседателството на Родина Македонија ЗОРАН ЈОВАНЧЕВ – Член на претседателството на Родина Македонија На нашиот јутуб и рамбле канал https://www.youtube.com/@rodinamakedonija https://rumble.com/user/RodinaMakedonija
ДРЖАВНИ НАГРАДИ ЗА ТРАНСРОДОВИ ЛИЦА И ИДЕАЛИТЕ НА ВМРО И МАКЕДОНИЈА?
Активистката и трансродова жена Лила Милиќ и Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации од Скопје се годинашни добитници на државната награда „Мето Јовановски“, највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права. Наградата ја доделува Министерството за култура! Владата на „ВМРО“-ДП(М)НЕ до запирка
ДЕНОТ НА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ И АЛБАНСКИОТ ИРЕДЕНТИЗАМ И ШОВИНИЗАМ!
Вчера бевме сведоци на дивеење на албанскиот иредентизам и шовинизам низ центрите на многу градови низ Македонија.Се славеше денот на албанското знаме, додека гореше и се газеше македонското знаме. Вчера видовме држава која не постои, која ја нема, односно ја има по грмушки за пишување на казни за брзо возење,
РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ, 29.11.2024 (петок), 21:30
ТЕМА: МАКЕДОНИЈА – ДРЖАВА; ИЛИ ТЕРИТОРИЈА БЕЗ МАКЕДОНСКИ НАРОД И ИСТОРИЈА?! УЧЕСНИЦИ: ТОМЧЕ ШИРКОВ – Претседавач на претседателството на Родина Македонија ТОДОР ПЕТРОВ – Претседател на СМК СТЕФАН АЦКОВСКИ – Претседавач на Родина млади На нашиот јутуб и рамбле канал https://www.youtube.com/@rodinamakedonija https://rumble.com/user/RodinaMakedonija
Родински разговори
Родински разговори секој петок во 21:30 на фејсбук страната на Родина Македонија.
Најгледана емисија во нашите Родински Разговори беше со почитуваната Мирка Велиновска. емисија која траеше 2:30 минути.
Најчесто поставувани прашања
Родина е инцијатива произлезена од народот, народ кој од 1991 се залага Македонија да стане современа држава во која законот ќе важи за сите подеднакво, а Македонија ќе стане пристојно место за живеење на македонскиот народ и сите граѓани.
Исклучиво трудољубивиот и чесен македонски народ.
Ние сме уверени дека вештачките воено-хушкачки творби ЕУ и НАТО кои ни се распаѓаат пред очи наскоро нема да постојат и нашата програмска цел е да ја подготвиме Македонија за надоаѓачката геостратешка реалност и единствена природна опција за следните најмалку 100 години, а тоа е идејата на Шарл де Гол за Евроазија од Лисабон до Владивосток, како заедница на слободни и суверени народи.
Сите држави кои ја почитуваат Република Македонија, македонскиот народ, неговиот идентитет, јазик, култура и историја во иднина ќе бидат стратешки партнери во креирањето на надворешната политика на РОДИНА. Партијата во формирање има за цел да остварува билатерални односи со сите меѓународни фактори кои го почитуваат меѓународното право на самоопределување и суверенитет на секој еден народ, а со тоа и на македонскиот народ и кои би и помогнале на Република Македонија во остварувањето на нејзините стратешки цели.
Родина е партија која дејствува во Република Македонија но е отворена за членство на сите Македонци моментално зад границите на татковината. Уште повеќе, Родина ќе ги повика сите Македонци да се вратат во својата земја и ќе им даде државјанства, пасоши и ред погодности за полесно враќање со семејствата и пуштање нов корен на нашата родна грутка.