Јавно се обраќаме до почитуваниот премиер на Бугарија г. Кирил Петков, со цел да укажеме дека постоењето на Македонците во Бугарија не зависи од желбата на политичарите во Бугарија! Да ги потсетиме политичарите во Бугарија, дека Македонците во Бугарија имаат добиено 16 пресуди од Европскиот суд за човекови права, по однос на македонското прашање.
Самоопределување е основно демократско право, заштитено со меѓународни конвенции и закони.
За нас суштински е прашањето зошто Македонците и во 21 век живеат под терор на државата, со следења, апсења, ликвидирања и притисоци и тоа во земји членки на НАТО и ЕУ, Бугарија и Грција!
Ви ветуваме дека наскоро новите политички сили ќе го постават македонското прашање на меѓународна сцена.
За Родина Македонија однесувањето на СДС и ДПМНЕ, двата партиски блока кои ротираат во позиција и опозиција, е анти-македонско, анти-цивилизациско, не демократско и претставува предавство на сопствениот народ, Уставот, државата Република Македонија.
Вашето водење на политика во изминатите 30 години ги постави Македонија и Македонците во крајно понижувачка и подредена состојба!
РОДИНА Македонија инсистира на прекин на секакво продолжување на непринципиелните преговори окулу Договорот со Бугариј.
Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“
Да се блокираат сите министерства и влада; му
минимална пензија 15000