You are currently viewing ПРЕД ВИСТИНАТА И БОГОВИТЕ МОЛЧАТ

РОДИНА МАКЕДОНИЈА целосно го поддржува викарниот епископ Стобиски отец Јаков во неговите напори да допре вистината до народот. Како вонпарламентарна партија тешко можеме да допреме до повеќе народ, единствено до верните наши гледачи и читатели. Долго време зборуваме на темата, ја разобличувавме Истанбулската конвенција, изворот на ова родовско зло!

Достојниот владика преку организираните четири трибини со фондацијата Елеуса допре до народот за да конечно му се даде прилика да зборува и на мејнстрим медиум. За краткото отстапено време ги кажа сите вистински нешта, сите опасности кои демнеат, ја спомена и опасната Истанбулска конвенција која држави членки на ЕУ ја напуштија, некои не ја ниту ратификуваа. На последната трибина учество зеде и Коалицијата за заштита на децата за што сме посебно задоволни и почестени!

Надеж влеваат искажаните ставови на функционери од двете најголеми политички партии во чии раце е и идното (не)донесување на двата опасни закони, Предлог законот за матична евиденција и Предлог законот за родова еднаквост. Се надеваме дека навистина ќе надвладее разумот и тие нема да бидат донесени. А потоа, родово-сензитивните содржини со кои се врши индоктринација и сексуализација ќе се отстранат и од образованието на нашите најмили – децата!

Родина Македонија е партнер на Коалицијата за заштита на децата од самите почетоци и гордо следиме што се случува и како таа делува. Тоа е вистинскиот начин да се постигнат целите: здружување и делување! А утре, Родина Македонија ќе дава вистинска поддршка на дело, директно од Собранието, нашиот народен Дом, на сите идеи, активности насочени кон традицијата, семејството, нашиот македонски род, правдата и слободата!

Секогаш тука за вас, придружете ни се