ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР Е ДОГОВОР СПРОТИВЕН НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ВОЛЈАТА НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА!

You are currently viewing ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР Е ДОГОВОР СПРОТИВЕН НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ВОЛЈАТА НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА!

Промените кои ги очекува македонската нација со рушење на хибридниот режим на Зоран Заев, инаку донесен преку хибридна војна менаџирана од САД и други западни центри на моќ, треба да се суштински, а не од козметичка природа.

Народот очекува владеење од позиција на ВИСТИНА, ЧЕСТ, МОРАЛ и ПОЧИТУВАЊЕ на народната волја, јасно искажана преку референдумите од 1991 и 2018 година.

Не постои завршена работа, ниту реалност, кога се работи за велепередавство со кршење на Уставот, законите и волјата од референдумите на македонската нација.
Таквите прикаски ДПМНЕ, СДС, ДУИ и другите политички субјекти може да си ги кажувате на коктелите организирани од западните амбасади.

Сакаме да се обратиме и до македонските политичари од албанско етничко потекло.
Престанете да бидете маша на западните геополитички интереси, против македонскиот народ.
Еден ден ќе се променат геополитичките состојби на Балканот, како што се менуваат во светот.
Ние и во тие нови услови ќе треба да живееме како вистински сожители и припадници на македонската нација.
Почитување на македонскиот народ е основен предуслов за живот и соживот во Република Македонија!

Станете активист, поддржувач на Родина Македонија!

 

This Post Has One Comment

  1. ZIVKO

    Vo celost se slozuvam so vasite vistinski preporaki i taa e vistinata za nasata mila MAKEDONIJA za koja predavnicite se borat od petni zili da ja rasprodadat i unistat Makedonskata nacija i Makedonskiot identitet

Comments are closed.