РЕАКЦИЈА И ОДГОВОР НА НАМЕТНАТИТЕ ДИЛЕМИ

Почитувани браќа и сестри Македонци и сите добри и чесни луѓе:
Родина Македонија даде поддршка на семакедонскиот протест закажан за 25.04.2021г. против хунтата, а за поддршка на браќата уставобранители, неправедно осудени и стигматизирани како терористи. Поддршката беше јавно искажана, а повикот за мобилизација на членството и симпатизерите, но и што поголема присутност беше објавена на 04.04.2021год. непосредно по пријавувањето на протестот од страна на Светскиот Македонски Конгрес.

Со цел да се избегнат сите инсинуации, тенденции и лукаво-политикантски спинови,
Родина Македонија сака јавно да ги потврди следниве ноторни факти:

Протестот е во организација на “Македонците од светот” – повеќе здруженија и организации сплотени во координативна мрежа (не го употребувајте туѓиот збор дијаспора), кој во Р.Македонија е пријавен и покренат од СМК.
Родина Македонија даде безрезервна поддршка на настанот веднаш по директното обраќање до нас од страна на уставобранителите.
Истакнуваме дека се оградуваме од задкулисните игри на поединци и групации кои ги злоупотребуваат уставобранителите и ужасната состојба во која се наоѓаат.

Исто така сакаме да истакнеме дека не само што работиме и ќе работиме на афирмација за вистината и неправдата нанесена врз нашите браќа,
Родина Македонија ќе направи се што е во нејзина моќ вистинските терористи кои направија пуч и се обидоа да го променат името и државното уредување на Р.Македонија да бидат изведени пред лицето на правдата и да ја добијат заслужената казна.

СЛОБОДА ЗА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ!

СМРТ НА ФАШИЗМОТ, СЛОБОДА НА НАРОДОТ!

Напишете коментар