РЕАКЦИЈА НА ИЗЈАВАТА НА ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДОРКА  АНКЕ ХОЛШТАЈН, ЗА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА

После „пророчкото“ предвидување на германската амбасадорка Урлике Кноц од 2009 година, каде за време на одржувањето на симулациска игра „Создаваме нова Европа“ во Педагошкиот факултет во Скопје, ќе изјави: „Во 2020 ќе бидете членка на ЕУ. Ќе имате ново име- ’Северна Македонија’. Владата ќе биде составена од партија со име ’Нова мaкедонска партија’ (денес) СДС), во која членови се Албанци и Македонци. Албанското население ќе го зборува македонскиот јазик, што е случај и денеска, а Македонците ќе го зборуваат албанскиот јазик,   што ќе го учат уште од детски градинки“

Денес, 11 години подоцна, уште една германска амбасадорка ни кажува како да се договориме со Бугарија, која има барања кои се еднакви на фашистичката окупација од 1941, каде заедно убивавте, мачевте, тероризиравте македонско население и ја следи истата линија на демонтирање на македонската држава и Македонците како народ“..

Ние мораме да забелжиме дека германското мешање на Балканот  е крајно негативно по Македонија и македонскиот народ. Од проектот Мегали Грција, спроведуван под палката на германското „благородништво“, врховизмот на Хабзбуршката Софија, австрискиот проект голема Албанија, итн….

Етничкото чистење во Егејска Македонија траеше со децении, а заврши  во 1948, со бомбардирање од страна на западните сили на селата и градовите каде живееа Македонците. Прва употреба на напалм бомби! 

Воопшто не беше случајна и фашистичката коалција Германија, Бугарија, Албанија за поделба на Македонија.

Експресното влегување на Бугарија во ЕУ, која добро знаеме дека и денеска не ги исполнува стандардите, оди по истата линија.

Двојните стандарди се главна карактеристика на ЕУ и земјите од ЕУ.

Денес, после сите злодела направени врз Македонија и македонскиот народ, наместо со наведната глава да се обраќате на нашиот народ, вие повторно и повторно спроведувате проекти на демакедонизација и бришење на македонскиот народ од ова парче македонска земја што остана.

Ви благодариме на таквото стратешко пријателство, ќе дојде ден кога ќе се побара меѓународна истрага за сите надворешни мешања во рушење на уставниот поредок на Република Македонија, како и етничките чистења на Балканот, оркестрирани од страна на западните сили.

За тоа некој мора да плати и мора да му се покаже местото во историјата.

А договорот со Бугарија, Родина Македонија ќе го постави во толетите на ЕУ, за да има некаква корист за европските бирократи.

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“

https://www.rodina.org.mk/pristapnica/