РЕАКЦИЈА НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ПО ПОВОД ПРОТЕРУВАЊЕТО НА РУСКИОТ ДИПЛОМАТ

You are currently viewing РЕАКЦИЈА НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ПО ПОВОД ПРОТЕРУВАЊЕТО НА РУСКИОТ ДИПЛОМАТ

Политичката партија Родина Македионија изразува крајно
незадоволство и зачуденост од повторното протерување на руски дипломат.
Протерувањето на руски дипломати станува пракса на самопрогласените
македонски власти, без да се има каков било политички и дипломатски усет и
мерка за реалните меѓународни состојби и околности, со што директно ја
втурнуваат Република Македонија во авантуристичка сегашност и неизвесна
иднина.
Родина Македонија бара од македонските таканаречени власти да престанат да бидат
слепи поддржувачи и послушници на западните евро – атлантски структури,
без притоа да го следат автентичниот македонски интерес. Свесни дека оваа
власт нема капацитет да ги препознава, чува и развива тие интереси,
апелираме до македонската јавност да не ги подржува и да ги осудува овие
непромислени активности на властите, зашто со ваквите потези остануваме и
понатаму недостоинствен и коленичарски субјект за западните структури, но
непотребно непријателски позиционирани за другите земји, а посебно за
Русија. Со таквото штетно и непромислено однесување можеме да очекуваме
само крајно негативни последици за Македонија и губење на традиционални
пријатели.

Станете активист, поддржувач на Родина Македонија!

Пристапница