По повод новото условување од страна на ЕУ, Родина Македонија ја охрабрува ЕУ за поставување на дополнителни на дополнителните услови за почеток на почетокот на преговорите за влез во ЕУ на антиуставната „Северна“, која е создадена со хибриден западен државен удар, газејќи ја волјата на народот од 30 септември 2018 година, 8 септември 1991, 2 август 1944. 

Родина Македонија сака да ја извести ЕУ, а и НАТО, дека Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија ќе бидат првите договори кои ќе ги поништи новата суверенистичка Влада на Република Македонија со силата на домашното и меѓународното право и со почитување на волјата на македонскиот народ.

Наша должност е да служиме на нашиот народ и земја!

Новото време доаѓа и за Република Македонија и Македонците!

Бидете дел од политичката партија Родина Македонија

https://rodina.org.mk/pristapnica/