Skip to content Skip to footer

РЕАКЦИЈА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ЗА 5Г ТЕХНОЛОГИЈА

Во светот сеуште се води научна дебата за штетноста на 5Г технологијата. 268 научници и доктори (потпишани до 18 декември 2019 година) поднесоа жалба за 5Г технологијата, која е претставена во Обединетите Нации во 2015 година, и до Европската Унија 2017 година. Потписниците тврдат дека со зголемена употреба на безжичната технологија, посебно кога 5Г ќе биде поставена, никој нема да може да го избегне изложувањето на константно 24 часовно електромагнетно зрачење предизвикано од безжичното зрачење, како комбинација од милиметарските бранови кои ги користи 5Г, високата фрекфенција и огромниот број на 5Г предаватели, антени со милиони поврзувања на различни домашни уреди, опрема за надгледување, итн…. Се повеќе научни публикации кажуваат дека таква изложеност предизвикува рак, днк оштетување, намалување на способност за учење и меморија, невролошки пореметување, ефекти на кожата и очите, имуниот систем, отпорност на бактериите на антибиотици, врз животните, инсектите, микробите, како и штетно влијание на околината.
Универзалната декларација за човекови права при ОН, Хелсиншката декларација и други меѓународни договори ја признаваат оваа загриженост и повикуваат на внимателност, поготово нејзиното влијание врз младата популација.

За Родина Македонија, воведување на 5Г и било која друга технологија мора да биде предмет на јавна и научна дискусија, мерења, лабораториски испитувања и почитување на високи безбедносни и еколошки стандарди, како и заштита на приватноста. Самото инсистирање на секретарот на НАТО Јанс Столтенберг, за потребата на таа воена злосторничка организација, која инаку е нелегално на територијата на Република Македонија, за 5Г технологија, ни отвара многу дополнително прашања од аспект на безбедноста на граѓаните.
Во услови кога низ улиците на Македонија сеуште се движат запрежни коли со коњи, кога ѓубрето се спалува во диви депонии и каде досегашната телекомуникациска технологија се злоупотреби за снимање на 1,2 милиони разговори,надвор од законот, без судски налог и се употреби за државен удар, воведување на 5Г технологија МОРА да се одложи до моментот додека не се утврдат сите позитивни и негативни аспекти од таа технологија и заштити здравјето и приватноста на граѓаните, како и заштита на природната средина..

Родина Македонија повикува на општо народна мобилизација за враќањето на одземените човекови права со фашизоидниот промашен карантин, кој очигледно дека единствено употребна вредност му е инсталирање на 5Г технологија и нелегален транспорт на мигранти.

СТОП ЗА 5Г технологијата и СТОП на фашизоидниот политички карантин!

Бидете дел од политичката партија Родина Македонија