Родина Македонија, покрај известувањето на меѓународните организации за незаконитоста и нелегитимноста на корумпирано организираните избори на Пржинската сдс/дпне коалиција, ги извести и домашните институции за надзор со цел создавање документација за идно кривично гонење на сите соучесници во планираните нелегитимни и украдени избори.
Додека се подготува претставка до Уставниот Суд во однос на нелигитимно и незаконско спроведување на т.н продолжени избори, наместо редовни, Родина се обрати до претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, и до Државната Комисија за Спречување на Корупција на Република Македонија, чија содржина ја пренесуваме во продолжение.
До: Државна Изборна Комисија
Св. Кирил и Методиј бр.54, Скопје
– Претседател, г-н Оливер Дерковски-
Скопје, 18 јуни, 2020 година
Почитуван Претседателе на ДИК,
Со големо разочарување и жал Ве известуваме дека политичката партија Родина Македонија, не доби одговор на своето барање доставено на 9 јуни, 2020 година (прилог бр.1), во законски определениот рок од 3 (три) дена во кое ја известуваме ДИК дека сме легитимно регистрирани и имаме уставно и законско право да учествуваме на следните парламентарни избори кои би се организирале кога за тоа би се створиле услови.
Не само што писмен одговор не ни беше уредно доставен, туку при разговорот на претставникот на Родина Македонија со генералниот секретар на ДИК, г-н Јанчев, беа изнесени запрепастувачки и шокантни изјави на еден легитимен претставник на државна институција која треба да нѐ убеди во исправноста и законитоста на изборниот процес (прилог бр.2). Со должна почит, ваквите изнесени „аргументи“, нѐ убедуваат токму во спротивното.
Не знаеме дали ставот на секретарот на ДИК е став и на Комисијата бидејќи не добивме одговор на писмено.
Исто така, согласно толкувањата на Уставниот Суд, Уредбите со законска сила престанаа да важат ноќта на полноќ на 14 јуни, 2020 година согласно решение на Уставниот суд и европската пракса. Актите на Уставниот суд се конечни и извршни и се задолжителни за сите, вклучително и за владата! Имено, во Актот на Уставниот Суд од 28 април, 2020 година се вели:
Траењето на Уредбите со законска сила завршува по престанок на вонредната состојба.
Изборите се можни само со ново решение за распишување на редовни парламентарни избори од страна на претседателот на Собрание во уставниот рок 90 дена од истекот на мандатот на постојниот состав, значи во септември, 2020 година.
Затоа Ве молиме сериозно да го разгледате овој наш допис. Би сакале нашето барање да биде ставено на седница на дневен ред, особено заради ново настанатата состојба, укинувањето на вонредната состојба и потребата од распишување на нови, РЕДОВНИ избори. Само така ДИК ќе го врати имиџот кој го уживаше, на транспарентна и кредибилна инститтуција, а со спроведување на овие нелегитимни избори, тој имиџ ќе биде длабоко нарушен и ќе отиде во заборав.
На крајот, Ве известуваме дека за незаконитото постапување на ДИК ќе бидат известени:
– Државната Комисија за Спречување на Корупцијата;
– Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија;
– Амбасадите на Кина, Русија, САД и Делегацијата на ЕУ во Македонија;
– До Уставниот Суд ќе биде пуштена претставка во однос на нелигитимно спроведување на т.н продолжени избори, наместо редовни во септември
Прилог:
1. Известување до ДИК за новорегистрирана партија и легитимно барање за учество на избори од 9 јуни, 2020 година и
2. Меморандум од разговорот за вербалното известување за забраната за учество на избори
Со почит,
Горан Шумкоски,
Претседавач на Родина Македонија, Скопје
Родина Македонија
Скопје, Македонија
19ти Јуни 2020
До: Државна Комисија за Спречување на Корупција на Република Македонија
19ти Јуни 2020
Почитувани,
Ви се обраќаме со молба да постапите по незаконитото работење на ДИК, а во врска со изборите во Република Македонија во 2020 година.
Во прилог ќе најдете;
– ПРИЛОГ 1-ДОПИС до ДИК од Родина Македонија во кој се бара да се дозволи учество на изборите во 2020 година со датум 9 јуни, 2020 година.
– ПРИЛОГ 2-Транскрипт од разговорот воден помеѓу претставник на Родина Македонија и генералниот секретар на ДИК, Јанчев. Овој разговор е воден затоа што ДИК не постапи согласно своите законски обврски, односно во рок од три дена не достави писмен одговор на дописот уредно архивиран во ДИК на 9 јуни. Затоа претставник од Родина појде до кај нив да добие одговор.
Ве молиме обрнете внимание на арогантниот однос на секретарот на ДИК, особено на изјавата „Нема ниту да добиете. Молчењето значи дека барањето е одбиено“. Ние ги познаваме законите и процедурите и многу добро знаеме дека молчењето на администрацијата, значи токму обратното, одобрување. Но, во овој случај секако требаше да добиеме писмен одговор.
Ве молиме да постапите согласно вашите овластувања и да покренете постапка за нелегитимната, дискриминаторска политика кон Родина Македонија и кон уште две други политички партии според зборовите на гескретарот Јанчев.
—
Со почит / Kind regards
Зоран Јованчев, генерален секретар
Политичка партија Родина Македонија Скопје
ул. Никола Парапунов бр. 3А/52, Скопје, Македонија