Родина прашува,

Какви се тие избори организирани од власт која изврши државен удар, погази Устав, домашно и меѓународно право, воља на граѓани?
Тоа се избори во кои нема избор!
Тоа се избори каде се остварува само еден интерес, западниот геостратешки интерес и интересот на нивните локални реперезенти и корумпираните политички елити.
Тоа не се избори, туку се државен удар врз вољата на македонскиот народ!

Ако Родина не е во право,

Тогаш вие како политички партии слободно покажете од каде го црпите легитимитетот за Северна?
На кои избори народот ве изгласа за Северна за севкупна употреба и менување на идентитеот и историјата на македонскиот народ?
На избори  во просториите на Калето или некоја друга канцеларија на западните земји ?
Не постојат такви избори во демократскиот свет!

На последните квази избори организриани од нелегитимната власт, македонскиот народ постојано се манипулираше. Се водеше битка 24/7 преку медиумите за специјална војна, наречени национални медиуми, да се извади народот за да ја легитимира Северна.
И покрај полнењето на кутии, косовски автобуси, бугарски возови и медиумско едноумие невидено уште од времето на комунизмот, мнозинството Македонци ги отфрлија така организираните избори од нелегитимната власт!

Што понатаму ?
Промените во светот веќе се случуваат, започната е ерата на постзападниот свет.
Африка благодарение на новите светски сили, новиот начин на договарање и економски односи влегува во забрзан економски раст во тој свет.
Новиот свет е свет на почитување на различностите, на рамноправни односи, на меѓусебено почитување.
Свет во кој секој народ ќе може да си го најде своето место, без притоа некоја сила да му неметнува избор, решение, или во нашиот случај Диво име, Дива историја и Дива власт.

Наша обврска е да креираме македонски партии и организации кои ќе ја внесат Македонија во тој свет и ќе ја вклучат на големите инфраструктурни проекти, во новите организации каде сме почитувани како Р.Македонија, Македонци.

Секогаш постои избор, само што за тој избор ние како народ ќе мора да се избориме, заедно, обединето, ангажирајќи го севклупниот македонски стручен, научен потенцијал од дијаспората и републиката.

Го повикуваме македонскиот народ да влезе во новите македонски организации, организации кои се верни на Р.Македонија, Уставот на Р.Македонија и организации кои се патоказ за новиот 21 век.

Ги повикуваме актуелните политички субјекти, партиципиенти во штетниот и корумпиран политички систем и нелегитимната власт, веднаш и безусловно да престанат со неуставните дејствија никогаш неодобрени од народот и преминат кон процедура за формирање на експертска влада, со цел демократизација на политичкиот систем и распишување на парламентарни избори по вистински демократски тек и со набљудувачи од вистинската меѓународна заедница.

Родина е инцијатива од народот за народот, каде најдобрите ќе служат први во праведен ред во интерес на народот.

Нашиот план е Р.Македонија во новиот свет почитувана, суверена, стабилна, праведна, економски просперитетна.

Бидете дел од инцијативата Родина

https://rodina.org.mk/pristapnica/