Родина Македонија на 30ти јули 2020 поднесе барање до Уставен Суд на Република да ги поништи незаконитите квази-избори од 15ти јули 2020. Незаконитите и штелувани избори дали по одлука на овој состав на Уставен Суд или пак некој следен, ЌЕ БИДЕ ОСНОВА НЕ САМО ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА ИЗБОРНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ТУКУ И ЗА ЗАТВОР ЗА ОНИЕ КОИ КРИМИНОГЕНО ГИ УКРАДОА И ШТЕЛУВАА ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД!

Покрај ова, претходно ги разголивме и извадивме на виделина пред цел македонски народ некадарниве и безобразни апаратчици од ДИК под контрола на корумпираниве кога на легално и уредно регистираната партија Родина Македонија (и на 2 други партии) на 9ти Јуни 2020 им беше ускратено правото да поднесат изборни листи за идни избори во септември или октомври како што беше единствено можно по устав и по закон, ан-блок и пред да биде објавена криминалната дата од 15ти јули. И за ова ќе следи тужба во редовен суд.

Родина ги осуди овие насилни и набрзина закажани квази-т.н. „продолжени” избори, непостоечки правен термин измислен од дпне/сдс пржинската коалиција со цел да ја исклучат единствената неинсталирана и изворна опција во историјата на Македонија – РОДИНА! 

Изборите на 15ти Јули се нелегитимни по многу основи како: нивната незаконитост, антиуставност, бирање на дата која се коси со законите, нарушувањето на правото да се бира и да се биде биран, како и самата насилност, неморалност и корумпираност на изборниот процес!

Покрај положувањето на правната основа за идно судење на предавниците ние продолжуваме со ширење на суверенистичката идеја на терен и до секој Македонец со се повеќе и нови општински комитети и работата на комисиите на Родина! Само од нас сè плашат дека ќе го кренеме народот против нив и ќе ги урнеме со пенкало! Сите други од им се под контрола? Приклучувајте се браќа и сестри! Да им покажеме дека Македонскиот Народ си е сам себе си власт, крал и господар!

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“

https://rodina.org.mk/pristapnica/