Браќа и сестри Македонци! РОДИНА МАКЕДОНИЈА има чест да ве извести дека Македонскот Народ ги собра првите над 1000 основачи на единствената суверенистичка визија, стратегија и програма, и го продолжува собирањето на изјави кај нотарите до петок!
Исто така РОДИНА МАКЕДОНИЈА во саботата, на високосниот/инокосниот/престапниот 29ти Фебруари 2020 го одржа своето основачко собрание и ги избра органите на партијата, Централен Одбор и Претседателство и го започна процесот на регистрација.
РОДИНА МАКЕДОНИЈА за претстојните избори го потврдува својот став: РОДИНА на овие избори би учествувала единствено ако се обедини целиот неизвалкан и неинсталиран вонпарламентарен блок во широка суверенистичка платформа под бајракот на програмата на РОДИНА и во заедништво со независниот интелектуален потенцијал на нашиот народ, на начин на кој веднаш и “со пенкало” би ја срушиле Хунтата со 61 пратеник!
Во секој друг случај овие избори ќе доведат само до цепкање на македонскиот патриотски глас, нешто што корумпираниот систем го планира и посакува, и РОДИНА нема никогаш да учествува во такво предавничко цепкање на македонското тело!
Во секој друг случај, излегување на избори во Северна, крајно нелегитимна и криминогена творба, во која владеат недемократски услови, полнење на кутии, политички државјанства, косовски автобуси и бугарски возови, несредени избирачки списоци, црни пари за купување на социјално ранливите категории и нерешени случаи на фалсификувани записници претставува кланица, а не избори.
Веќе подолг период криминогените структури на западната меѓународна заедница, заедно со нејзините стипендисти во политичките партии, фашистички ја негираат волјата на нашиот народ и грубо ја прекршуваат меѓународната и домашната правна легислатива, како и Уставот на Република Македонија.
Северна ќе падне! Можеби на избори, можеби од улица, но ќе падне! Таа е изворот на целата беда на нашиот народ и Родина Македонија е посветена на тој пад и кревање на суверена просперитетна Република Македонија, држава која служи на својот народ. Тој процес е започнат и Родина Македонија секогаш, како и досега ќе биде во центарот на тој процес и политички и на улица сè до конечното ослободување на Македонија!