You are currently viewing СРАМНА ОДЛУКА НА МНР, ОДНОСНО НА ИСПОСТАВАТА НА УЧК!

Срамна е одлуката на МНР, односно испоставата на УЧК, да не дозволи прелет на авионот на Министерот за надворешни работи на Русија, почитуваниот Сергеј Лавров за официјална средба во трета земја!

Срамен е и молкот на двете евроатлантистички партии СДС на нивната земја и ДПМНЕ на нивниот народ, кои се само декор на оваквата политика, која е антинародна, антимакедонска.

За жал и добар дел од нашиот народ дреме во двете идеолошки умрени евроатлантски системски партии ДПMНЕ и СДС и се дел од оваа срамна политика, која Македонија веќе скапо ја чини.

Цените на енергенсите, вештачкото ѓубриво, храната, неизвезеното земјоделско производство, уништени енергетски капацитети, хидро потенцијал е пред се ПОСЛЕДИЦА на погрешните политики токму на оваа влада, инсталирана преку изборен менаџмент и шарени револуции, уценети политичари, итн…

Родина Македонија го осудува овој антинароден и антимакедонски чин од страна на МНР, односно испоставата на УЧК и јавно се извинува на Русија и рускиот народ поради постапките на таканаречената Влада на „Северна“!!

Бидете дел од Родина Македонија

Напишете коментар