Skip to content Skip to footer

СУДОТ НА ЗАПАДНАТА КОЛОНИЈА „СЕВЕРНА“ Е СЕ, САМО НЕ СУД КОЈ МУ СЛУЖИ НА СВОЈОТ НАРОД И ЗЕМЈА!

Основниот суд во Велес го осуди поранешниот претседател на Кривичниот суд во Скопје, Владимир Панчевски, на 3,5 години затвор за злоупотреба на АКМИС.

Се јави и Амбасадата на САД во Република Македонија: Позитивен чекор напред!
Како континуитет на дејствие на оваа амбасада, која има традиција на мешање во внатрешните работи на суверените земји, да потестиме дека поранешниот нивен дипломат Дејвид Стивенсон стана и советник на СЈО.
Тоа е истото СЈО од американски производ кое изврши насилен упад во домот на судијата Панчевски, врз основа на наредба од ненадлежен суд, судот во Гевгелија.
Тоа е истото СЈО кое користеше нелегитимно снимени разговори од криминогениот систем на МВР, за прогон, уцена на пратеници, судии, верски лица, граѓани, со единствена геополитичка цел, ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И НАСИЛЕН ВЛЕЗ ВО НАТО.
Денеска сме сведоци како заврши тој американски и западен проект СЈО, криминоген, како и неговите газди, но со реализирана основна цел, промена на ИМЕ.

Секој кој НЕ бацува рака на Кале и на западните колонијални сили, кој не се вклопува во криминогениот амбиент на западната колонија СЕВЕРНА е предмет на монтирани судски процеси и следење за тероризам (афера АТЛАНТИК).
Реформите на судскиот систем од УСАИД и западните амбасади го доведоа системот до перфекција во служење на западните геополитички и неоколонијални интереси.
Уставобранителите од 27 април, апсењето на Љупчо Палевски во Белград, аферата „Атлантик“ и многу такви случаи ни ги даваат чекорите напред, како што вели американската амбасада.

СУД кој молчи за државниот удар и насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија, СУД кој скоро деценија не може да го заврши случајот „Смилковско езеро“ каде деца Македонци беа жртвувани на голем верски православен празник Велигден, СУД кој не постапува по нелегитимен избор на Претседател на Собрание, закон за двојазичност, криминални наместени избори, не решени криминали кои надминуваат милијарди евра, не е СУД, туку ЕЛЕМЕНТ на криминогени и надворешни структури.

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“

https://www.rodina.org.mk/pristapnica/