ТЕМЕН ВИЛАЕТ МАКЕДОНИЈА И ВО 21 ВЕК!

You are currently viewing ТЕМЕН ВИЛАЕТ МАКЕДОНИЈА И ВО 21 ВЕК!

Последната бомба која пукна во раката на бомбашот Зоран Заев, одново ја покажува целата беда на овој систем, кој е во предсмртна безалтернативна агонија и се валка во криминал, насилие, неморал, неправда.

Консензусот на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за изборот на Катица Јанева, која сирота едвај името можеше да си го изговори, беше токму во насока да се заштитат и „десните“ и „левите“ од прогон.

Страда обичниот народ, кој не е покриен од политичката и судска мафија, настрадаа Уставобранителите, наместени во дилот на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ политичка мафија, за промена на власт . 

За нив обичниот народ е стока, кој за ситна пара треба да им работи деноноќно и да им служи во нивната бахатост и изопаченост.

Оваа состојба во нашето општество е идентична како од времето на турското ропство, каде Македонија беше темен вилает, место каде може да убиеш човек рисјанин, без да одговараш.

Во 21 век, Македонија го достигна тоа ниво, се разбира на патот кон ЕУ, без алтернатива.

Договорите на политичката мафија околу големите криминали, застарување на тешки кривични дела, криење на предмети по фиоки, Македонија го живее децении наназад.

Едните за другите често ќе кажат дека украле 5 милијарди евра за време нивниот мандат, 10 милијарди евра изнесени од приватизацијата, надвор од Македонија. Ниту еден случај решен за организиран криминал. Ниту една сметка од даночните раеви, ниту еден денар не се врати во Буџетот на РМ. Напротив, истите шаблони, шеми, функционираат ден, денес.

Случајот застарел!

Родина постојано укажува на годишниот криминал и рекетарски шеми на домашните и меѓународни рекетари, каде над 1 милијарда евра СЕКОЈА ГОДИНА завршува во приватни џебови, а ние со секоја измината година сме се позадолжена земја.

Не повикуваме на оставка на оваа влада, не, затоа што тие се оперирани од морал и одговорност, нека се дават во депонијата која заедно ја подигнаа во евроатлански стил.

Повикуваме на мобилизација и активирање на целиот умноспособен човечки потенцијал на Македонците од татковината и иселеништвото, за да го започнеме процесот на големи промени, со нови луѓе, кои ќе зрачат со кредибилитет, знаење, морал, праведност, чест, скромност, родољубие, но и визија за Македонија за 21 век, постзападен век, век на големи промени, мултиполарен свет.   

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“

https://www.rodina.org.mk/pristapnica/