УШТЕ ЕДЕН ЦРН ДЕН ЗА МАКЕДОНСКАТА ДЕМОКРАТИЈА!

You are currently viewing УШТЕ ЕДЕН ЦРН ДЕН ЗА МАКЕДОНСКАТА ДЕМОКРАТИЈА!

Еден сосема нормален демократски чин, гласање (не)доверба на Владата во Собранието на Република Македонија, се спречи со мафијашки методи, својствени за земји раководени од воени хунти.

Уште на почетокот на седницата, Претседателот на Собранието Талат Џафери, инаку уникатен пример во светот каде терорист обавува висока функција во државата, при започната седница од негова страна и изгласување на 61 присутен пратеник, ја напушта истата.
А по Устав му е доделна задачата, доколку не е спречен од оправдани причини, ДОЛЖЕН Е истата да ја води!

Ова е второ учество на овој одработувач во државен удар и уставен пуч, после нелегитимниот избор за Претседател на Собранието, надвор од собраниска процедура и без доволен број на гласови.

Заклучувањето на вратите на Собранието уште една мерка на хунтата ДУИ, СДС И НВО секторот на западните амбасади, да се зачува власта, од позиција на сила.

Парламентарецот на Беса, Кастриот Реџепи, кој претходните денови отворено заговараше уривање на режимот, во сомнителни околности, не беше присутен.
Лидерот на неговата партија Биљал Касами изјави, дека изјавата која ја дал е под закана на сила.

За жал и ДПМНЕ покажа низок капацитет за промени, каде еден бран потикнат од народот, го спушта се пониско и пониско, со неговите бледи и непромислени избрзани дејствија.
Човек да се запраша, каква е нивната вистинска улога во оваа умрена евроатланска демократија, која се‘ повеќе го носи народот во бездната на сиромаштијата, губење на верба во институциите и воопшто во политиката во Република Македонија.

Родина Македонија како вонапрламентарна партија, може да понуди нов светоглед, нов начин на решавања на состојбите, со мобилизација на се‘ што е здраво, прогресивно, македонско, со строго почитување на Уставот и законите на Република Македонија.
Нудиме алтернатива на евроатлантската депонија, светла алтернатива!
Не постои состојба која не може да се промени и режим кој не може да се урне со разни методи.

Зоран Заев со неговата банда, еден ден сигурно ќе завршат на местото одамна предвидено за нив.
„АЛЛ ИН“ играта што ја игра против македонскиот народ, без разлика дали ќе биде на чело на СДС или не, ќе го стигне каде и да се наоѓа, па било тоа и во хациендата на Халкидики.
Одложувањето на тој ден, ја прави Македонија се‘ помалку држава, а жителите на Македонија се‘ посиромашни.

Станете активист, поддржувач на Родина Македонија!

 

Напишете коментар