Чија е Родина!

Ние сме единствената партија произлезена од македонскиот народ и неговиот револт против безсрамното крадење на неговото минато, сегашност и иднина од страна на нелегитимни домашни и странски центри. Родина е изворна и неинсталириана однадвор партија која го представува пулсот на народот, во моментов обесправен и непредставен од корумпираните политички елити. Родина како таква секогаш ќе биде само про-Македонска партија.

Ние во таа борба против корумпираните елити секако не сме и нема да бидеме сами и соработуваме со сите слободолјубиви народи кои се борат против заедничкиот непријател, корумпираните глобалофашистички елити.

И во таа борба секако наши сојузници има многу, и италијанците кои се будат со Салвини, и французите кои се креваат против своите продадени елити преку револтот на жолтите елеци, германците кои преку АФД се обидуваат да ја одбранат својата култура и традиции, турците кои се борат против обидот на ЦИА да им наметне марионетска власт, и Венецуела која се соочува со жесток недемократски империјалистички напад, и секако и братскиот Руски народ, Кина и Индија, храбрите британски патриоти кои како и ние на 30ти септември и покрај огромниот притисок на корумпираните елити  сепак гласаа за единствената можна и праведна опција, Брегзит,самиот американски народ кој се бори против својата корумпирана анти-национална елита.

Ние сме уверени дека вештачките воено-хушкачки творби ЕУ и НАТО кои ни се распаѓаат пред очи наскоро нема да постојат и нашата програмска цел е да ја подготвиме Македонија за надоаѓачката геостратешка реалност и единствена природна опција за следните најмалку 100 години, а тоа е идејата на Шарл де Гол за Евроазија од Лисабон до Владивосток, како заедница на слободни и суверени народи.

Тоа сме ние Родина и така широко и глобално позиционирани ќе го поведеме македонскиот народ и ќе го вмрежиме во светската победничка патриотска мрежа и ќе го ослободиме Македонскиот народ и секој поединец од планираното национално, социјално и финансиско ропство.