За само една седмица се соочивме со недостаток на леб во продавниците, продолжија дојавите за бомби во училиштата, се случија убиства на блиски луѓе од власта, продолжи аферата Телеком преку која се проневерени милионски суми, а директен учесник е т.н. премиер и уште многу други нешта…
Навистина, „нивната земја“ е на патот на каубојците од Дивиот Запад, нивните стратешки партнери кои опустошија цел еден континент и врз коските на домородното население изградија корпорации, истите кои денес се главната закана по безбедноста на светот, контролата врз човекот и неговото отчовечување.
Владите на СДС и терористичката ДУИ, откако беа поставени во Собрание со нелегитимен спикер, инаку избран на скали, без потребно мнозинство, одамна го загубија моралниот компас. Тој неморал иако е прикриен со пропаднатата пропагандна машинерија на умрените национални телевизии, раководени од бивши американски генерали, сѐ повеќе го еродира македонското општество.
Станаа членка на НАТО со меѓународен договор потпишан од неовластено лице.Толкав беше и демократскиот капацитет на Западот, на сила да бутне еден народ во организација која е спротивна на неговите цивилизациски вредности.
Македонија тоне во смртната прегратка на западните додека многу народи во светот веќе се отргнуваат од таа прегратка. Земјите од Африка, Јужна Америка, Азија, Блискиот Исток, тргнаа по патот на враќање на нивните земји во служба на својот народ. Се создаваат нови меѓународни организации, сојузи на тој пат.
Зошто македонскиот народ да биде последен народ кој копнее по слободата, а беше прв кој ја носеше по светот?
Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!