You are currently viewing ЈАВНА ПОДДРШКА ЗА НАРОДОТ И ЗЕМЈАТА КОИ ПОЛОЖИЈА 24 МИЛИОНИ ЖИВОТИ ВО БОРБАТА ПРОТИВ ФАШИЗМОТ!

Македонскиот народ добро знае што е „Портокалова револуција“ која се случи во Украина во 2014 година.
Знае, затоа што таа е идентична со „Шарената револуција“ во Македонија од 2015 година, каде човечкиот олош од нашите народи дојде на сцена со помош на западните планери, инаку веќе познати во над 80 земји во светот, за рушење на уставниот поредок на суверените земји.

Македонскиот народ добро го познава фашизмот, беше дел од антифашистичката коалиција, каде благодарение на успехот на Црвената армија и нејзиниот влез во Белград, го крена АСНОМ и ја создадена Народна Република Македонија.

Македонскиот народ добро се сеќава и на првата западна интервенценција после Втората светска војна на тлото на Европа, кога со напалм бомби беа бомбардирани селата и градовите на Македонците во Егејска Македонија од страна на Велика Британија, Франција, со поддршка од САД. Тогаш тие ја беа поддржале монархо-фашистичката власт во Грција.

Ја помниме и 2001 и инструкторите на американското „МПРИ“ кои беа заедно со командате на УЧК и ОНА! Контејнерите оружје испорачувани од западните земји, уцени со бомбардирање од страна на НАТО на македонските позиции и институции!

Ја помниме и 2015 година и упадот од Косово, во делот кој е под владеење на САД, во Диво Насеље, како терористичка компонента на „Шарената револуција“.

Денес, после 8 години инструктажа на западните специјалисти за војување, општествен менаџмент и пропаганда, како и со злоделата кон Русите и рускојазичните во Украина, постигната е целта на инсталираната западна власт, да се испровоцира воен одговор на Русија!

14 000 цивили од 2014 до денес се убиени од екстремниот десен сектор поддржуван од западните сили. Веќе постои Досие за сите злодела на десниот сектор на Украина.

Ние сакаме да веруваме дека тоа не е масовно прифатено во Украина, иако искуството од Втората светска војна ни укажува дека западниот дел на Украина го красат фашистички елементи, за жал и денес поддржани од западот.

Русија и рускиот народ повторно се исправени пред предизвикот да се биде или не, каде не и оставен простор да бира!

Ние како Родина Македонија секогаш ќе бидеме на праведната страна, анти-фашистича, Славјанска, на страната на човекот.

Затоа искажуваме јавна поддршка на братскиот руски народ и Русија, праведен мир и дефашизација на Украина.