ПРЕД ВИСТИНАТА И БОГОВИТЕ МОЛЧАТ
РОДИНА МАКЕДОНИЈА целосно го поддржува викарниот епископ Стобиски отец Јаков во неговите напори да допре вистината до народот. Како вонпарламентарна партија тешко можеме да допреме до повеќе народ, единствено до верните наши гледачи и читатели. Долго време зборуваме на темата, ја разобличувавме Истанбулската конвенција, изворот на ова родовско зло! Достојниот владика преку организираните четири трибини со фондацијата Елеуса допре до народот за да конечно му се даде прилика да зборува и на мејнстрим медиум. За краткото отстапено време ги кажа сите вистински нешта, сите опасности кои демнеат, ја спомена и опасната Истанбулска конвенција која држави членки на ЕУ ја напуштија, некои не ја ниту ратификуваа. На последната трибина учество зеде и Коалицијата за заштита на децата за што сме посебно задоволни и почестени! Надеж влеваат искажаните ставови на…