СИТЕ АЛБАНЦИ ОД „НАШАТА ЗЕМЈА“ КАЈ ЕДИ РАМА ВО ТИРАНА, ВО НИВНАТА ЗЕМЈА!

Интересно е што на овие средби нема претставници на политички партии од други етноси, нема ниту од граѓанските СДС и ДПМНЕ, а ги нема ниту коментарите од медиумските и невладини прозападни душегрижници за етнички баланс, полова застапеност и останати прозападни прикаски за мулти-култи, платени од големиот финансиски колач за медиумско заглупување на народите. За западните амбасади повеќе не говориме, тие се учители на двојните стандарди. Кој не ја гледа идејата за голема Албанија, без разлика дали ќе ја наречат таа идеја Западен или Отворен Балкан, ќе се разбуди во една историски ненаучена лекција од минатото, во крв, солзи и прогони. Не е тајна дека албанската емиграција купува куќи, имот сѐ подлабоко на територијата на Македонија за да го реализира веќе зацртаниот проект, карта, кој нема никаква врска ниту…

ПрочитајСИТЕ АЛБАНЦИ ОД „НАШАТА ЗЕМЈА“ КАЈ ЕДИ РАМА ВО ТИРАНА, ВО НИВНАТА ЗЕМЈА!

ДАЛИ НЕ ПОСТОИ АЛТЕРНАТИВА ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ!?

„Не постои алтернатива за уставните измени“, изјави германската амбасадорка Анке Холштајн, која заминува од Македонија. Во исто време се јави и американската амбасадорка Анџела Агелер, „Уставните промени да се случат час поскоро“. Родина Македонија укажува на недипломатското однесување на европските и американски претставници во Република Македонија, кои веќе подолг период грубо се мешаат во внатрешните работи на Република Македонија, кршејќи ги меѓународните конвенции за дипломатски претставништва. Ги потсетуваме дека уставниот поредок на Република Македонија е грижа исклучиво на македонската нација и е внатрешно прашање. Македонија имаше два референдума на кои македонската нација јасно и недвосмислено се изјани по прашања од внатрешното уредување и нејзината позиција во однос на НАТО и ЕУ, како и Договорот од Преспа. Доколку навистина се загрижени за правото и Уставот, западните амбасадори треба да…

ПрочитајДАЛИ НЕ ПОСТОИ АЛТЕРНАТИВА ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ!?

КАДЕ Е „ГЛУШЕЦОТ“? ЌЕ ОДГОВАРА ЛИ „МАЧКАТА„?

КОЛУМНА: СОФИЈА АЧКОСКА, ПРЕТСЕДАВАЧ НА КОМИСИЈАТА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ Празниците се зад нас. Заврши некако и првото полугодие од учебната 2022/23 година, а проблемите во образованието се заглавија како коска во грло, која треба под итно да се отстрани, во новата година. Од каде да тргнеме? Од лажните најави за бомби во училиштата, кои сакале да признаеме или не започнаа со оценувањето и тестирањето на учениците на крајот на првото тримесечеие, а завршија на крајот на првото полугодие, или од најавата на Министерот за образование и наука, дека учебниците кои иако ги чекавме целото прво полугодие, не стигнаа до последниот ден на годината или за тоа како после толку нереализирани работни денови, наставниците уапеаа реално да ги оценат учениците? На социјалните мрежи можеа да се се сретнат неколку претпоставки…

ПрочитајКАДЕ Е „ГЛУШЕЦОТ“? ЌЕ ОДГОВАРА ЛИ „МАЧКАТА„?

БАДНИКОВО ГРАНЧЕ -ИСКЛУЧИВО СРПСКИ ОБИЧАЈ???

  • Post category:Колумна

КОЛУМНА: TOMЧЕ ШИРКОВ, ЧЛЕН НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА Сѐ почесто свештеници од МПЦ излегуват со „радикални препораки" од типот: „Палењето оган е чисто пагански обичај“ или „бадниковото гранче е чисто пагански обичај“. Според мене, но и според Декалогот и Евангелието, станува збор за гледиште, перспектива. Општо земено, „палењето оган" е универзален, меѓународен обичај, пагански и христијански и муслимански… Сечиј и општочовечки обичај, а многу тесногледо и исклучително размислување. Но, свештениците, т.е. некои од апологетите на „нашата црква" или подобро да речам претставниците на црквата од „нашата земја", отидоа чекор понатаму. Имено годинава тие тврдат дека дабовото (бадниково) гранче не е наш, туку чисто српски обичај и како таков треба да се исфрли како пагански??? Дали? Според моето скромно мислење Србите не се пагански народ и нивните обичаи…

ПрочитајБАДНИКОВО ГРАНЧЕ -ИСКЛУЧИВО СРПСКИ ОБИЧАЈ???

ДАЛИ ПОДДРШКАТА НА МУЦУНСКИ ЗА СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ Е ЗНАК ЗА НАПУШТАЊЕ НА КОНЗЕРВАТИВНИОТ СТАВ НА ДПНЕ ЗА СЕМЕЈСТВОТО

  • Post category:Колумна

КОЛУМНА: СОФИЈА АЧКОСКА, ПРЕТСЕДАВАЧ НА КОМИСИЈАТА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ Уште не се спушти прашината од вчерашната бомба во ООУ „Љубен Лапе“, во Општина Аеродром одекна уште една. Со тоа стана сосема јасно дека не само што директорката на Љубен Лапе нема да биде повикана на одговорност, туку ваквите активности се вклопуваат во агендата на општината на Општината Аеродром за промоција на проектот „Родово одговорно училиште“ кое во соработка со „Македонскиот институт за европски студии“ се планира да се спроведува во училиштата на Општина Аеродром, Претходниот министер за образование и наука Мила Царовска, насилно и нетранспарентно го воведе Сеопфатното Сексуално Образование – ССО на невладината „Хера“ во наставните програми, поради што мораше да се прости од министерската фотелја. Таа замина но, сепак ССО како кукавичко јајце го протна низ иглени…

ПрочитајДАЛИ ПОДДРШКАТА НА МУЦУНСКИ ЗА СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ Е ЗНАК ЗА НАПУШТАЊЕ НА КОНЗЕРВАТИВНИОТ СТАВ НА ДПНЕ ЗА СЕМЕЈСТВОТО

КОГА РОДИТЕЛИТЕ ЌЕ ГО ПОДИГНАТ ГЛАСОТ ДИРЕКТОРОТ СЕ ПОВЛЕКУВА

Жестока реакција на родителите на учениците од ООУ „Љубен Лапе“ во Скопје, да го запрат обидот на директорката за протнување на трансродови еднодневни активности во училиштето. Во услови на хаос во образовниот систем во Македонија, кога учениците поради наводно поставени бомби во училиштата изгубија голем број наставни часови, одекна уште една бомба, овој пат од ОУ „Љубен Лапе“ во населбата Аеродром во Скопје, во која со одобрение на директорката, учениците од VI до IX одделение, по теркот на западните трансродови општества цела недела ќе реализираат предновогодишни активности надвор од наставната програма зачинети со трансродови содржини. Оваа вест одекна како еден вид освестување на родителите кои како формални членови на Советите на родители во училиштата беа заобиколени и вчудоневидени од идејата, нивните деца во училиштето да практикуваат програма со…

ПрочитајКОГА РОДИТЕЛИТЕ ЌЕ ГО ПОДИГНАТ ГЛАСОТ ДИРЕКТОРОТ СЕ ПОВЛЕКУВА

ЗАШТИТНИЧКАТА НИКАНИЈА ИЛИ БОЖИЦАТА АПТЕРОС – НИКЕ

  • Post category:Колумна

КОЛУМНА: TOMЧЕ ШИРКОВ, ЧЛЕН НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА Можеби сте слушнале за Викторија „божицата" на победата? А сигурно сте слушнале за Нике „старогрчката" божица на победата. Старогрчки е многу проблематичен термин. Стари Грци има само во старечките домови во Атина и по некој во центрите за нега на Скијатос и Санторини. Но, тоа е друга тема… Да се вратиме на Нике, тоа е Ник (псевдоним) на „божицата" Аптерос, таа била гласничка на Зевс и била раскошно облечена со свила и пурпур, го заведувала Зевс. Практично таа е преставена како конкубина, да не речам калаштура, со нормална големина на жена. За разлика од неа, македонската самовила Никанија била заштитничка на Родот и НаРодот. Се разбира народот на Македон. Таа била вила од проста причина што Македонците верувале во…

ПрочитајЗАШТИТНИЧКАТА НИКАНИЈА ИЛИ БОЖИЦАТА АПТЕРОС – НИКЕ

РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ, 16.12.2022 (петок), 21:30.

РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ, 16.12.2022 (петок), 21:30. ТЕМA: СИЛАТА НА НАРОДОТ Проба за шверцување на „Закон за заштита на населението од заразни болести“ УЧЕСНИЦИ: Томче Ширков, Гордана Гоџо, членови на Претседателството на Родина Македонија Во живо на нашата официјална ФБ група и јутуб канал.

ПрочитајРОДИНСКИ РАЗГОВОРИ, 16.12.2022 (петок), 21:30.

„Честит ден на албанската писменост”

КОЛУМНА: TOMЧЕ ШИРКОВ, ЧЛЕН НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА Помалку познат, но историски факт е дека Арнаутите, МиРидитите и Гегите немале заеднички јазик, а со самото тоа ниту писмо. Но, на територијата на тогашна Ематија (Епирија) доминирал јазикот на Тоскан (Тоска) епириотит, понекогаш запишуван на арапски, а понекогаш на турански руни. Но, бидејќи Тоските, а и некои МиРидити биле претежно христијани (над 70%), Ватикан си определил мисија да им создаде зеднички јазик и писмо. Јазикот вклучувал 40% илирски термини (Ilirica vocabularae) што во тоа време значело словенски (далметски -далматински и херцошки -херцеговски). А азбуката требало да биде латиница, која би била практично многу слична на македонската латиница само без типичните македонски гласови (Ѕ, Џ, Ж, Ш, Ч, Љ, Њ).За оваа мисија бил ангажиран римскиот бискуп и скопски надбискуп…

Прочитај„Честит ден на албанската писменост”

ЈАВНА ДЕБАТНА ТРИБИНА на тема: „Ефектот на дестилирана вода (Aqua purificata) и Родина Македонија”

КОЛУМНА: TOMЧЕ ШИРКОВ, ЧЛЕН НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА Малкумина знаат за ефектот на дестилирана вода врз екстремно жеден човек во неповолни услови. Имено, кога е многу жешко, ни паѓа многу тешко и бргу ожеднуваме бидејќи многу се потиме. Преку потта излачуваме Na, Ca, F, Mg, Cl и др. елементи, т.е минерали. А истите тие ни се неопходни за органелите во самите клетки, функции на клетките, органите и ткивата. Кратко кажано организмот без нив почнува да откажува за кратко време од (5-15 дена) зависно од условите. Дестилираната вода не содржи минерали, таа е 100% Н2О, најчистата вода воопшто. Но, ако човек во пустина пие дестилирана вода, при неповолни услови за живот, организмот бргу ќе откаже заради недостаток на минералите. И затоа организмот, иако без избор, се штити од…

ПрочитајЈАВНА ДЕБАТНА ТРИБИНА на тема: „Ефектот на дестилирана вода (Aqua purificata) и Родина Македонија”