ФАШИСТИ, КОМУНИСТИ, ФЕДЕРАЛИСТИ, СИТЕ БУГАРИ СЕ ИСТИ

  • Post category:Колумна

КОЛУМНА: TOMЧЕ ШИРКОВ, ЧЛЕН НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА На 03.02.1922година бугарскиот премиер Александар Стамболијски издава декрат за покачување на националната безбедност со формирање на специјални вооружени сили наречени “Портокалова гарда“. Кои имале за цел да ги следат ловат и уништуваат (без предупредување) четите на #Организацијата. Со акцент на четите на Тодор Александров затоа што биле прогласени за екстремисти, македонисти и иридентисти кои и штетат на бугарската држава и бугарската нација. При посетата на Стамболијски на кралството СХС ( Југославија) во 1922г јавно побарал од српскиот премиер, помош за уништување на “македонските екстремисти“. Тој пред кралската делегација и новинарите ќе изјави : “ Вистината е дека ние Бугарите не зборуваме за Македонија, таа за нас е минато, поделбата заврши така како што заврши и тоа е зад нас.…

ПрочитајФАШИСТИ, КОМУНИСТИ, ФЕДЕРАЛИСТИ, СИТЕ БУГАРИ СЕ ИСТИ

80 ГОДИНИ ОД ПОБЕДАТА НА СОВЕТСКАТА АРМИЈА ВО ГОЛЕМАТА СТАЛИНГРАДСКА БИТКА!

Родина Македонија упатува братски честитки до рускиот и советските народи по повод 80 години од победата на Советската армија во битката за Сталингард. Македонскиот народ кој беше дел од антифашистичката коалиција, не ја заборава жртвата на рускиот и советските народи, без кои немаше да се победи фашизмот. Ние се поклонуваме на тие жртви!

Прочитај80 ГОДИНИ ОД ПОБЕДАТА НА СОВЕТСКАТА АРМИЈА ВО ГОЛЕМАТА СТАЛИНГРАДСКА БИТКА!

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ И ПОСЛЕ ВЕК И ПОЛОВИНА ГИ ОБЕДИНУВА МАКЕДОНЦИТЕ!

Гоце Делчев, апостолот на македонската револуционерна борба, нашиот учител кој го будеше поробениот македонски народ од вековното турско ропство, после век и половина повторно го обединува и сплотува македонскиот народ, токму околу идеалот за НЕЗАВИСНА, СУВЕРЕНА МАКЕДОНСКА држава. Политички партии со различни идеологии, организации, поединци, сите сплотени во мислата и идеалот заедно ќе го чуваат почивалиштето на нашиот Гоце Делчев од врховистички игри кои, како и во ХIX век, така и денес, се водени од западните центри на моќ. Родина Македонија како суверенистичка и народна партија упатува јавен повик до своето членство, симпатизери и народот македонски за мирно и достоинтвено бдеење пред почивалиштетото на Гоце Делчев, во црквата Свети Спас, од петок попладне, па сѐ до сабота, кога делегација ќе положи цвеќе. Од четворицата синови на Никола и…

ПрочитајГОЦЕ ДЕЛЧЕВ И ПОСЛЕ ВЕК И ПОЛОВИНА ГИ ОБЕДИНУВА МАКЕДОНЦИТЕ!

МИНИСТРЕ, КАДЕ СЕ УЧЕБНИЦИТЕ?

Второто полугодие од учебната 2022/23 година започна со проблемите кои ги наследивме од минатата година. МОН и министерот Шаќири им посакаа на учениците успешно второ полугодие, но учебниците кои требаше да бидат во ученичките чанти на почетокот на учабната година, сеуште ги нема. До крајот на наставната година остануваат уште четири месеци. Ветувања од министерот има, ама од учебниците за основците и средношколците нема ни трага. Образованието потсетува на после воениот период. Учениците учат од прибелешки и фотокопиран материјал или од материјали достапни во електронска форма. Ништо од бесплатното образование и почитување на законот за авторство. Пред почетокот на второто полугодие, министерот истакна дека годинава ќе има и дел од учебниците за средно-гимназиско образование, а речиси сите учебници за средното стручно образование ќе бидат целосно достапни во електронска…

ПрочитајМИНИСТРЕ, КАДЕ СЕ УЧЕБНИЦИТЕ?

СТИГНАВМЕ ДО СРАМОТ, СОСЕДИТЕ ДА НИ ЈА РЕШАВААТ И ВНАТРЕШНАТА БЕЗБЕДНОСНА СОСТОЈБА!

Соседите решаваат сѐ за нас: ИМЕ, ИДЕНТИТЕТ, ЈАЗИК, ДРЖАВЈАНСТВО, ИСТОРИЈА, СЕГА ни ја решаваат и ВНАТРЕШНАТА БЕЗБЕДНОСНА СОСТОЈБА! БЕЗАЛТЕРНАТИВНАТА НИ ЕВРОАТЛАНТСКА ИДНИНА СТАНА НАША РЕАЛНА НЕБИДНИНА! Наметнатата недостоинствена изродничка развласт е немоќна за реално обезбедување на вечниот дом на МАКЕДОНСКИОТ РЕВОЛУЦИОНЕР ВЕЛИКАНОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, по повод чествување на 151 годишнината од неговото раѓање, 4 февруари 1872 година. Пред извесно време, на 14 јануари 2023 година, бевме сведоци на слободно дивеење од страна на бугарски ултра-шовинистички наци-фашисти сред Скопје, со недолични транспаренти, знамиња, скандирања. Протекуваат и информации за вооружани групи, кои за среќа или несреќа биле вратени во Бугарија, а подготвени за истиот настан. Министерот за внатрешни работи на „нашата земја“ заедно со министерот за внатрешни работи од „пријателско-добронамерната‘‘ Бугарија, со заеднички ум ни ја „решаваат‘‘ внатрешно-безбедносната состојба во…

ПрочитајСТИГНАВМЕ ДО СРАМОТ, СОСЕДИТЕ ДА НИ ЈА РЕШАВААТ И ВНАТРЕШНАТА БЕЗБЕДНОСНА СОСТОЈБА!

ЈАВНО ОБРАЌАЊЕ ДО АМЕРИКАНСКАТА И ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДОРКА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Госпоѓи, или господа, (не се снаоѓаме најдобро со обраќањето во новата трансродова западна идеологија), Анџела Прајс, амбасадор на САД во Република Македонија иАнке Холштајн, амбасадор на Германија во Република Македонија. Со вашето лобирање за промена на Уставот на Република Македонија вие грубо ја кршите „Виенската Конвенција за дипломатски односи“ Промена на Уставот на една држава е внатрешно прашање на нацијата на таа држава.Со вашето мешање во процесите на промена на Уставот на Република Македонија, грубо се мешате во внатрешните работи на нашата држава, Република Македонија. Нашиот Устав беше оценет како еден од најдобрите 5 устави во Европа, во однос на индивидуалните и колективни права. Република Македонија со Референдумот од 30 Септември 1991 година јасно и недвосмислено се изјасни за Суверена Независна Република Македонија. А со референдумот од 30…

ПрочитајЈАВНО ОБРАЌАЊЕ ДО АМЕРИКАНСКАТА И ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДОРКА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

СТАНЕТЕ БРАЌА, НЀ ПРЕДАДОА!

Со овие зборови им се обратил домаќинот Митре на комитите од гоцевата чета, во мугрите пред самото погибие на војводата… …Сто и дваесет години подоцна во „слободна" и „независна" Македонија, одново нѐ предаваат и продаваат неразбраните безскрупулозни трговци од „нашата влада" и „нашата држава". Предавството е сѐ посилно и сѐ поприсутно од година в година. Слободно се веат знамиња на туѓи држави и организации, се искажуваат територијални претензии и закани за окупација сред Скопје, а се поведуваат прекршочни и кривични пријави за употреба на националното и семакедонско знаме - шеснаесетзрачното сонце од страна на родољуби. И сето тоа поминува незабележано! Провокациите одат дотаму што официјални преставници на соседни држави, евро пратеници од центарот на Скопје ни порачуваат дека ова е бугарска земја и дека ќе остане без рака…

ПрочитајСТАНЕТЕ БРАЌА, НЀ ПРЕДАДОА!

КАЗНА ЗА ИСТАКНУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ!?

Антидржавната конструкција „Северна“, подигната од „шарени револуционери“, одродени Македонци и УЧК активисти, под менаџмент на западните амбасади, се почесто врши тортура врз македонското население, не срамјеќи се тоа да го прави и на големи верски празници. На големиот православен христијански празник Водици во Охрид, „македонска“ полиција, во која немало ниту еден етнички Македонец, го легитимирала човекот кој го поставил македонско знаме во сопствената држава Република Македонија и му напишала прекршочна пријава. Апартхејдот „Северна“ се повеќе тоне во фашизам и антимакедонско дејствие, малтретирајќи и гонејќи Македонци. Да потсетиме на еден настан од 2019 година кога се развиори албанското знаме на Самоиловата тврдина, кое е знаме на туѓа држава и каде случајот помина само со некаква опомена. Срамен е и молкот на двете таканаречени македонски партии СДС и ДПМНЕ, кои…

ПрочитајКАЗНА ЗА ИСТАКНУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ!?

ДАЛИ ЌЕ СТАНЕТЕ ЧЛЕНКА НА ЕУ ДО 2030 ГОДИНА, ЗАВИСИ ОД ВАС, КОЛКУ ПОБРЗО СЕ ОТКАЖЕТЕ ОД КОЛЕКТИВНАТА МЕМОРИЈА ДЕКА СТЕ МАКЕДОНЦИ И ПОТОМЦИ НА ФИЛИП И АЛЕКСАНДАР!

Мина и овогодишната амбасадорска тркалезна маса „Западниот Балкан помеѓу Западот и Истокот“, со наслов: „Северна Македонија, членка на ЕУ до 2030 година“, во организација на Советот на амбасадори, на 12.1.2023 год, која се одржа во Клубот на пратениците. На тркалезната маса, како што беше е најавено, се обратија претседателот Стево Пендаровски, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска, евроамбасадорот Дејвид Гир, амбасадорите на Шведска, Франција, Холандија, Хрватска, Чешка и Романија, заменик-шефот на мисијата од Амбасадата на САД, како и поранешните амбасадори: Александра Наќева-Ружин, Зоран Јолевски, Ивица Боцевски и Тихомир Илиевски и како и претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска. На тркалезната амбасадорска маса, округла но на ќош, некако најаграсивно експлицитен беше евро амбасадорот, кој ете, по некоја…

ПрочитајДАЛИ ЌЕ СТАНЕТЕ ЧЛЕНКА НА ЕУ ДО 2030 ГОДИНА, ЗАВИСИ ОД ВАС, КОЛКУ ПОБРЗО СЕ ОТКАЖЕТЕ ОД КОЛЕКТИВНАТА МЕМОРИЈА ДЕКА СТЕ МАКЕДОНЦИ И ПОТОМЦИ НА ФИЛИП И АЛЕКСАНДАР!

ПОСЕТА ВО ВИСТИНСКО ВРЕМЕ!

Родина Македонија ја поздравува посетата на делегацијата на Руската православна црква предводена од Претседателот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија митрополитот Волоколамски Антониј. Посебно нѐ радува вистинската братска соработка со нашата древна црква, како Македонска православна црква - Охридска архепископија. Духовното единство на црквите на двата братски славјански православни народи е повеќе од потребно, поготово во услови кога традицијата, моралот и верата сѐ поотворено се разнебитуваат од страна на моќни глобални центри. Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет! https://rodina.org.mk/%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bf%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0/embed/#?secret=XqWp8yBlYF#?secret=C7o7xcVFKi

ПрочитајПОСЕТА ВО ВИСТИНСКО ВРЕМЕ!