#ОРГАНИЗАЦИЈАТА
На денешен ден 1893 во Солун, е основана Македонска револуционерна организација МРО или попозната кај народот како ОРГАНИЗАЦИЈАТА со цел ослободување на македонскиот народ од империјализмот, ропството, превласта на околните народи и остварување на неговите основни права на самостојност и идентитет.Била основана од шестмина револуционери интелектуалци: Дамјан Груев, д-р Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Христо Батанџиев и Андон Димитров, на иницијатива на Дамјан Груев. Со цел по пат на револуционерна борба да се извојува политичка автономија, а подоцна и независност на Македонија и Одринско. На основачкиот состанок усвоиле програма за дејствување, во која прва точка било БУДЕЊЕ И ПРОСВЕТУВАЊЕ на македонскиот народ и другите народности во Македонија. Бил усвоен Устав на Организацијата. Особено силен подем бележела по стапувањето во членство и во раководењето на Гоце…
