Слобода за Уставобранителите!

Ретко која држава може да се пофали со монтирани судски процеси против една македонска фамилија во континуитет од 75 години, како што е тоа случајот со фамилијата на Методија Андонов Ченто, фамилија која толку многу го задолжи македонскиот народ, а пострада од самата држава, држава која во континуитет е непријател на Македонците и македонското дело. Настаните од 27ми обвинителството и судот, полни со омраза и неправдини, ги гледа како изолиран случај. А 27-ми е денот кога се случи нелегитимниот избор за Претседател на Собранието, диво гласање надвор од законот на РМ, денот каде се пееше химна на странска земја, денот каде западниот хибрид Република Северна Македонија ја ПУЧираше Република Македонија! Проект и план припремани со години, а кој го најави Зоран Заев снимен со ПИМ мерки на судот,…

ПрочитајСлобода за Уставобранителите!

Зошто Бојкот а не Гласање на Предстојните КвазиИзбори 2дел

  • Post category:Бојкот

Зошто Бојкот а не Гласање на Предстојните КвазиИзбори 2делВо претходниот текст го разгледавме хендикепот на патриотскиот претседател кој евентуално би бил избран, односно неможноста да стори било што во корист на Македонците од позицијата која евентуално би ја добил. Би бил само реприза на сегашниот. За другата варијанта во која би бил избран претседател по „западна мерка“ нема потреба од губење време.Ајде сега да ја разгледаме варијантата со која изборџиите најмногу ни влеваат страв. Варијанта во која народот решително, онака по македонски, храбро, си остане дома и бојкотот успее. Во тој случај претседателот на собранието, во овој случај нелегитимен, би ја превземал должноста претседател на Република Македонија, но повторно нелегитимно. А тоа во иднина е одлична основа за поништување на се досега нелегитимно наметнато.Во Уставот, во членот 81…

ПрочитајЗошто Бојкот а не Гласање на Предстојните КвазиИзбори 2дел

Зошто Бојкот а не Гласање на Предстојните КвазиИзбори

  • Post category:Бојкот

Во случај на бојкот, не чека долга, мачна и исцрпна борба, но и надеж за подобра иднина. Борба за Македонија, борба за нас обичниот македонски народ. Во случај на излегување на избори даваме легитимитет на ненародната власт, одродените и превземени институции и насила безправно донесените договори, измени на уставот, но и дозвола, согласност, за методите со кои тоа го сторија, во иднина повторно да го сторат на истиот начин. Со нашиот глас на избори организирани од оваа невласт, неинституции и група на окупатори на својот народ ќе биде прифатен од нас самите она што ќе следи, устоличување на уште еден нелегитимен претседател поради измама во изборните процедури. Во случај да се избере кандидат на т.н. власт, штетните политики секако ќе продолжат, со можност и голема веројатност да бидат…

ПрочитајЗошто Бојкот а не Гласање на Предстојните КвазиИзбори

РОДИНА не го признава едносмерниот Преспански договор потпишан во услови на Окупација! – Македонија ИМА ИЗБОР!

Сведоци сме на се поотвореното и погласно прифаќање на договорот од Преспа од страна на актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициони партнери како договор кој е свршен чин и договор кој се претставува како едносмерна улица низ која мора да се движиме. Ние од Родина укажувамее дека во едносмерни улици се движат само едносмерни политичари и луѓе обучувани во институти на странски служби, луѓе кои не служат на својот народ, туку на туѓиот интерес, што денеска е се повидливо и појасно. Договорот од Преспа е АНТИУСТАВЕН, спротивен на МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО, спротивен на ВОЉАТА на мнозинството на граѓани, реализиран во услови на неколку годишна хибридна војна водена од странски служби кои ги регрутираа невладиниот сектор и сорос армијата, учк терористите од косово, како и домашната петта колона. Со…

ПрочитајРОДИНА не го признава едносмерниот Преспански договор потпишан во услови на Окупација! – Македонија ИМА ИЗБОР!

Антикорупциска нема капацитет за работа во пресрет на престојните претседателски избори

Демократскиот мрак, фашистичкото владеење на нелегитимната наметната власт продолжува. Во изминатите скоро 30 години институциите во Република Македонија се успешно деформирани под будното око и со силна асистенција на западните разноразни советници, набљудувачи и дипломати.После дно признание за оваа состојба е и изјавата на претседателката на Антикорупциска комисија, Билјана Ивановска, на една од националните телевизии. Имено таа истакнува дека секретаријатот со кој раководи, Антикорупциската комисија, реално нема капацитет да се справи со можната (многу веројатна м.з.) злоупотреба на институциите на системот за време на престојните претседателски избори.Во услови кога скоро сите високи државни функционери си вдомија во државни институции на високи позиции и по неколку свои блиски. Во услови кога администрацијата е превработена со партиски војници на капитулантските партии во Македонија, како и во услови на силен западен…

ПрочитајАнтикорупциска нема капацитет за работа во пресрет на престојните претседателски избори

Реакција на инцијативниот одбор на Родина по повод континуираното влошување на состојбите во државата

Реакција на инцијативниот одбор на Родина по повод континуираното влошување на состојбите во државата Како иницијатива која е произлезена изворно од народот, сакаме да укажеме на нагло влошените услови по животот и безбедноста на нашиот народ, како и економскиот холокауст кој се спроведува на терен од страна на ригорозните инспекциски служби кон компании кои не се од „одбраното друштво“. Македонија веќе многу долг период е изложена на надворешни штетни влијание кои грубо ја урнаа суверената волја на македонскиот народ и воспоставија систем на сила, неквалитет, непотизам, уцена и закани, кој како канцер се рашири низ сите пори од македонското општество. Се наруши и безбедноста и приватноста на граѓанинот, прислушувањето стана национален спорт, се воспоставија двојните стандарди, се воспостави систем на прогон кон се што мисли различно, се јадат…

ПрочитајРеакција на инцијативниот одбор на Родина по повод континуираното влошување на состојбите во државата

РОДИНА ПОВИКУВА НА БОЈКОТ – ИЗЈАВА

ЕДНОГЛАСНА ОДЛУКА НА ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР НА РОДИНА Тргнувајќи од фактот дека за 27 години во Република Македонија се оцрнети и злоупотребени поимите демократија, закони и владеењето на правото, партии, изборен модел и политички систем,независност и суверенитет, на штета на националните, економските и социјални права на поединецот и македонскиот народ; Земајќи го предвид обидот преку специјална војна да се изврши идентитетски геноцид врз македонскиот народ кој живее во услови на окупација ; Согледувајќи го непреземањето на никакви чекори од досегашните т.н. влади, од кои повеќето власта ја приграбија на нелегални избори и со недозволени средства, посебно актуелната т.н. влада која спроведува анти-уставни, недемократски и изборно неодобрени политики; Солидаризирајќи се со киднапираните македонски патриоти кои незаконски се држат и малтретираат во македонските затвори и низ македонските судови; Имајќи ја предвид…

ПрочитајРОДИНА ПОВИКУВА НА БОЈКОТ – ИЗЈАВА

Чија е Родина!

Ние сме единствената партија произлезена од македонскиот народ и неговиот револт против безсрамното крадење на неговото минато, сегашност и иднина од страна на нелегитимни домашни и странски центри. Родина е изворна и неинсталириана однадвор партија која го представува пулсот на народот, во моментов обесправен и непредставен од корумпираните политички елити. Родина како таква секогаш ќе биде само про-Македонска партија. Ние во таа борба против корумпираните елити секако не сме и нема да бидеме сами и соработуваме со сите слободолјубиви народи кои се борат против заедничкиот непријател, корумпираните глобалофашистички елити. И во таа борба секако наши сојузници има многу, и италијанците кои се будат со Салвини, и французите кои се креваат против своите продадени елити преку револтот на жолтите елеци, германците кои преку АФД се обидуваат да ја одбранат…

ПрочитајЧија е Родина!

Соопштение на иницијативниот одбор на Родина по повод потпишување на Протоколот за пристапување на „антиуставна“ Република Северна Македонија во НАТО

Се обраќаме до позицијата и опозицијата во урнатиот политички и општествен систем на Република Македонија од страна на „дивата“ нелигитимна Република Северна Македонија, менаџирана од странски служби.Ве потсетуваме на Референдумот од 30 септември 2018 година по прашањето за членство во НАТО со прифаќање на антиуставниот договор од Преспа.Референдумот беше неуспешен и покрај полнењето на кутии, купување на гласови и разните методи на притисоци и уцени што нелегитимната власт ги користеше. Прашањето гласеше:„Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот за името меѓу Македонија и Грција?" Резултатите од Референдумот: 609.813 За односно 30% од вкупниот број избирачи, 37.000 против и 19.221 неважечки. Официјалната изјава на Државната изборна комисија: „Според потврдениот резултат од гласањето на Референдумот 2018, одлуката не е прифатена, бидејќи не гласале повеќе од…

ПрочитајСоопштение на иницијативниот одбор на Родина по повод потпишување на Протоколот за пристапување на „антиуставна“ Република Северна Македонија во НАТО

БОЈКОТИРАМ ФАЛСИФИКАТ, ЕТНОЦИД И ШИРЕЊЕ НА ЗАРАЗАТА!

Почитувани Македонци (по род, државјанство и самоопределба),Слободно бојкотирајте го фалсификатот!Приклучете се кон општата и сѐ македонска иницијатива #НеОтварамВрата.Иницијативата е за ваше добро, за доброто на вашето семејство и општото добро на Македонија.Кажете и направете нешто добро за Македонија.Помогнете ѝ на #РодинаМакедонијаНајнапред да ја одбрани, а потоа и да ја врати Македонија на Македонците.Одберете си и слободно споделете ги постерите на Родина Македонија или некој неутрален постер кој ќе ви се допадне. Споделете на вашиот ѕид, приказна, со пријателите или групи во кои членувате. Сега и во иднина.Помогнете на ширењето на вистината и правдата во Македонија.Македонија на Македонците!

ПрочитајБОЈКОТИРАМ ФАЛСИФИКАТ, ЕТНОЦИД И ШИРЕЊЕ НА ЗАРАЗАТА!