Македонците во сопствената држава за 28 години независност имаат се помалку човекови права.

Македонецот преку својата вековната борба за слобода и сопствена држава, конечно после многу жртви и пролеана невина крв, после втората светска војна а во рамките на југословенската федерација се избори за својот вековен стремеж. Оваа борба се круниса со референдумот за независност во 1991 год.  Но и покрај формалната слобода, многу основни човекови права останаа неостварени. Во една, колку е можно, куса форма ќе се обидеме да ги представиме основните човекови права опфатени од Универзална декларација за човекови права (УДХР) — декларација донесена од Генералното собрание на Обединетите нации на 10 декември 1948 г. во дворецот Шајо, Париз. Поради интерес на просторот и изобилството со содржини ќе го опфатиме периодот од осамостојувањето па до денес. До 2001 година конкурирањето за било кое државно место, работно или едукациско, се…

ПрочитајМакедонците во сопствената држава за 28 години независност имаат се помалку човекови права.

Пост-западна Македонија

Ја имавме таа несреќа и ние да бидеме една од земјите врз кои е извршен државен удар од страна на моќната западна служба, служба со која Зоран Заев се закани на тогашниот премиер Никола Груевски. Хибридна војна која трае многу години, а во последните неколку гледавме како одредени западни служби работеа интезивно со нивниот невладин сектор, нивната терористичкатa операција Диво Насеље, до социјален инжинеринг воден од нивните највешти манипулатори, каде по утврден шаблон се креира слика на фашистичка и репресивна власт, власт која треба да биде урната. (Види денеска Венецуела со Мадуро, а од минатото Либија со Гадафи, Сирија со Асад, Ирак со Садам и Србија со Вучиќ). Денеска во новата креатура која се повеќе наликува на концентрационен логор за Македонците, таканаречената Република Северна Македонија, не постои Устав,…

ПрочитајПост-западна Македонија

Очекуваното Обраќање во Собранието на Доблестниот Пратеник за Спас на Македонија и Нов Почеток!

Колапсот на партиската политика е видлив насекаде. Боде очи и да не сакаш да го видиш. А како може се да тргне на подобро ако само еден од нив да се осмели, да покаже образ, интегритет и совест. И ќе тргне лавината, ќе се разбудат и други. Не се сите од камен, без срце, мозок и чест. Говор кој посакувам некој да има храброст да го одржи. Пратеник и представник на Македонскиот Народ се обраќа во Собранието: Како што стојам денес овде пред вас на говорницава во парламентот, ги гледам лицата на пријателите и колегите со кои работев заедно, се борев заедно, победував и изгубив заедно. Добри мажи и жени од обете страни. Ние и партиите што ги претставувавме со децении се боревме за нашите верувања и се…

ПрочитајОчекуваното Обраќање во Собранието на Доблестниот Пратеник за Спас на Македонија и Нов Почеток!

Родина Промотивно видео и БојкотирамПИ

Видео во кое накратко се представени причините за бојкот на предстојните претседателски избори, за отрезнување на македонскиот народ и превземање на акција за спас, заедно со сите слободолјубиви народи во светот. Родина, партија на обесправениот народ. Придружи се во нашата заедничка борба за Македонија. https://www.youtube.com/watch?v=fDoqDZ5LdA4

ПрочитајРодина Промотивно видео и БојкотирамПИ

US Policy to Encounter Another Strategic Defeat in Macedonia? – Горан Шумкоски (Објавено на англиски во глобален медиум. Ја шириме вистината за македонската борба.)

Објавено за глобалната публика на англиски јазик. Ја шириме вистината за Македонската Борба.

ПрочитајUS Policy to Encounter Another Strategic Defeat in Macedonia? – Горан Шумкоски (Објавено на англиски во глобален медиум. Ја шириме вистината за македонската борба.)

Брегзит и Македонија – Игор Силјаноски

Секоја една држава, без оглед на нејзината големина и сила е нападната од најновото чудовиште на 21-виот век, либералниот глобализам. Во овие тешки времиња, кога македонската политичка свита, самата, без дозвола од македонскиот народ, го смени името на државата, сведоци сме на повеќе такви “доброволни” отстапувања и во други земји. Ако ние сме најеклатантниот пример за кршење не само на демократијата туку и на човечкото право на самопределување, Обединетото Кралство може да го заземе второто место за недемократско одлучување преку игнорирање на волјата на народот изразена на референдумот за излез од ЕУ. Дали Обединетото Кралство и Македонија ја губат својата битка за сувереност пред нападот на либералниот глобалистички проект наречен ЕУ, секоја на свој начин? Од поодамна во Обединетото Кралство постои поделеност по прашањето на членството во ЕУ,…

ПрочитајБрегзит и Македонија – Игор Силјаноски

КРИМИНОКРАТИЈА

Општо прифатено начело е дека секоја демократска држава треба да поседува соодветна поделба на власта. Владеењето во современите држави е потпрено на три носечки столбови, три типови на власт, судска, извршна и законодавна. Судството е еден од основните, еднакви по вредност столбови на современата демократска држава. Сите три делови од власта му служат на народот и мораат да внимаваат еден на друг за да се обезбеди одговорност за нивните постапки и активности. Во една демократска држава во која постои владеење на правото, ниту еден столб на власта не смее да делува само во полза на сопствените интереси, туку во интерес на народот во целина. Во демократските држави каде постои целосно владеење на правото (“Etat de droit” или “Rechtsstaat”), сите три столба на власта мораат да делуваат врз основа…

ПрочитајКРИМИНОКРАТИЈА

Слобода за Уставобранителите!

Ретко која држава може да се пофали со монтирани судски процеси против една македонска фамилија во континуитет од 75 години, како што е тоа случајот со фамилијата на Методија Андонов Ченто, фамилија која толку многу го задолжи македонскиот народ, а пострада од самата држава, држава која во континуитет е непријател на Македонците и македонското дело. Настаните од 27ми обвинителството и судот, полни со омраза и неправдини, ги гледа како изолиран случај. А 27-ми е денот кога се случи нелегитимниот избор за Претседател на Собранието, диво гласање надвор од законот на РМ, денот каде се пееше химна на странска земја, денот каде западниот хибрид Република Северна Македонија ја ПУЧираше Република Македонија! Проект и план припремани со години, а кој го најави Зоран Заев снимен со ПИМ мерки на судот,…

ПрочитајСлобода за Уставобранителите!

Зошто Бојкот а не Гласање на Предстојните КвазиИзбори 2дел

  • Post category:Бојкот

Зошто Бојкот а не Гласање на Предстојните КвазиИзбори 2делВо претходниот текст го разгледавме хендикепот на патриотскиот претседател кој евентуално би бил избран, односно неможноста да стори било што во корист на Македонците од позицијата која евентуално би ја добил. Би бил само реприза на сегашниот. За другата варијанта во која би бил избран претседател по „западна мерка“ нема потреба од губење време.Ајде сега да ја разгледаме варијантата со која изборџиите најмногу ни влеваат страв. Варијанта во која народот решително, онака по македонски, храбро, си остане дома и бојкотот успее. Во тој случај претседателот на собранието, во овој случај нелегитимен, би ја превземал должноста претседател на Република Македонија, но повторно нелегитимно. А тоа во иднина е одлична основа за поништување на се досега нелегитимно наметнато.Во Уставот, во членот 81…

ПрочитајЗошто Бојкот а не Гласање на Предстојните КвазиИзбори 2дел

Зошто Бојкот а не Гласање на Предстојните КвазиИзбори

  • Post category:Бојкот

Во случај на бојкот, не чека долга, мачна и исцрпна борба, но и надеж за подобра иднина. Борба за Македонија, борба за нас обичниот македонски народ. Во случај на излегување на избори даваме легитимитет на ненародната власт, одродените и превземени институции и насила безправно донесените договори, измени на уставот, но и дозвола, согласност, за методите со кои тоа го сторија, во иднина повторно да го сторат на истиот начин. Со нашиот глас на избори организирани од оваа невласт, неинституции и група на окупатори на својот народ ќе биде прифатен од нас самите она што ќе следи, устоличување на уште еден нелегитимен претседател поради измама во изборните процедури. Во случај да се избере кандидат на т.н. власт, штетните политики секако ќе продолжат, со можност и голема веројатност да бидат…

ПрочитајЗошто Бојкот а не Гласање на Предстојните КвазиИзбори