Не помина ниту месец од грозоморните убиства кои ја доведоа целата нацијата во шок, имаме повторно пример на неказнивост кој произлегува од системот. Човек со крв на рацете на наши бранители и цивили, член на УЧК, човек кој ја соблече униформата на својата земја, за да се бори за туѓа кауза, неказнено се движи низ системот, од Министер за одбрана во времето на ВМРО-ДПМНЕ, па до Претседател на Собранието во време на СДС, избран на диво, на скали, за да денес биде предлог за технички премиер. Овој систем кој 30 години го вади најлошото од луѓето и најлошите ги поставува високо горе, систем кој не го казнува злосторството и криминалот и истиот го заштитува, денес ни е претставен како некој демократски проевропски систем, кој треба да нѐ однесе…