Браќа и сестри, со новите мерки на однадвор инсталираната Влада на „Северна“, нашиот повозрасен дел од народот принуден е да во само 2 часа ги задоволи своите основни потреби. 

Наместо да бидат заштитетни како најризична група, тие се изложени на гужви и редици пред продавниците, банките, што е крајна спротивност на мерките за спречување на ширење на „вирусот“ и заштита на населението.

Родина Македонија ги повикува своите членови, подржувачи, младите, да помогнеме и да ја заштитиме нашата повозрасна популација.

Купете за нив храна и основни потреби, платете сметки, понудете се да ги пренесете до одредено место.

Ние сме едно семејство, заедно ќе ја пребродиме оваа криза!