По повод 117-годишнината од смртта на нашиот македонски идеолог, учител, револуционер и водач на македонското револуционерно движење, делегација на Родина Македонија положи свежо цвеќе и се поклони пред гробот на Гоце Делчев, во црквата Свети Спас, Скопје, Македонија.

Обврска е на оваа генерација Македонци, веднаш и сега да ја вратат Република Македонија во полн сјај и идеал на сите наши претци вградени во нејзините темели.

Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?