Денеска 9 Мај 2020 година се навршуваат 75 години од победата над фашизмот во Европа. Родина Македонија единствената македонска суверенистичка партија се придружува кон честитката на овој празник, како голем ден за македонскиот народ, Европа и целиот свет. Денот кога големото зло наречен фашизам е победен од страна на силите на антифашизмот.

На овој ден македонскиот народ како дел од големата коалиција на антифашистичките народи во втората светска војна, самостојно ја ослободи својата држава Македонија во рамките на тогашна Југославија, реализирајќи го вечниот стремеж на многуте генереции Македонци.

Родина остро реагира на фалсификување на овој дел од историјата од страна на ЕУ, како и паѓање во заборав на делата на нашите големи великани, паднатите борци како Кузман јосифовски –Питу, Методија Андонов Ченто, Цветко Узуновски, Мирче Ацев, Мирка Гинова, Орце Николов, Кочо Рацин и многу други, кои го дадоа животот за поразот на фашизамот и ослободување на Македонија.

Денеска, обврска на оваа генерација Македонци е да го надградиме нивното дело и повторно да го победиме злото кое се повеќе ја покрива нашата земја.

Вечна Слава!