Skip to content Skip to footer

27 АПРИЛ, ДЕНОТ НА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ!

За Родина Македонија пред се‘, неприфатливо е и во целост ќе ја исправи наменски смислената употреба на наметнатиот синоним ‘‘Крвавиот четврток‘‘, од 27април 2017 год, за жал веќе нашироко прифатен и јавно истакнат и на Википедија и на сите јавни гласила повторувајќи го постојано, нешто што ќе го посведочиме и денес. При тоа со смислена и злокобна агенда на потиснување на реалната вистина на вистинскиот крвав четврток, Велики Четврток на 12 април 2012год, кога на немилосрден и не запамтен начин беше извршен невиден грозоморен масакар на четири момчиња и еден возрасен на Смилковското езеро.
Да не се заборави злото направено врз македонските чеда и да биде злоупотребена како ‘Крвав четврток‘ за манипулација и замена на вистината со еден друг четврток, каде беше извршен безобѕирен изрежиран ПУЧ од тајните странски служби, секако во заеднички договор со внатрешните предавнички колаборационисти и режија за превземање на власта на невиден перфиден начин.
Имено, на 27 април 2017 г во Собранието на Република Македонија, после прекинот на седницата, на нелегитимен начин беше избран Талат Џафери за Спикер на Собранието со помалку од 61 глас, избор на невидено непримерен дрзок начин и однесување на таканаречени пратеници. При тоа изборот не беше направен од највозрасниот пратеник, востановена редовна и свечена процедура. И уште позапрепастувачки е што не постои ниту записник од изборот, нешто што ќе го посведочи тоа, намерно или не останува како иницијатива и задолжителен императив за понатамошна разврска. Мора да се нагласи дека на овој непримерен предавнички настан без преседан во нашата историја е и не присустрвото на Никола Груевски и Али Ахмети, лидери на две водечки партии, нешто кое води и докажува директна замешаност но и претходна информираност за овој изрежиран хибриден настан. Најголема идикација на висока замешаност е и итното признавање на овој избор од страна на ЕУ , НАТО и таканаречена меѓународна заедница.
Секако не случајно беше избран тајмингот на настанот, касните попладневни часови, кога востановено се одржуваа секојдневни двомесечни протести од ‘Заедничка Македонија‘, нашироко прифатена платформа на македонски отпор против уништување на државата.
Сценариото беше јасно насочено, насобраниот изреволтиран народ да подлегне на предизикот и да влезе во Собранието со цел не дозволување на растурање на татковината од веќе цврсто најавената Тиранска платформа и најавата на сега веќе јасната деструктивна агенда на идната власт.
Нека овој ДЕН биде ‘Денот на Уставобранителите‘, кои беа обвинети и се затворени со обвинение тероризам, најголемиот дел од нив се осудени на големи затворски казни.
Родина Македонија, ќе ги исправи сите нанесени неправди на секој поединец од овој историски настан во историјата на македонскиот народ.

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“
https://www.rodina.org.mk/pristapnica/