You are currently viewing 7-ми ДЕН ОД “ПОЧЕТОКОТ НА КРАЈОТ “

Колумна: Томче Ширков, член на Претседателството на Родина Македонија

Македонци мои, конечно си дојдовме на себе си. Конечно се усредоточивме и фокусиравме.

Денес беше седмиот ден од кога ги започнавме протестите и петти ден откако РОДИНА МАКЕДОНИЈА организирано повика на протести. Првиот ден бевме 14 души. Потоа кога се собравме повеќе од 1000 се тепавме со полицијата, па мегусебно (кој што да каже и изјави), потоа со Северномакедонците од гегско потекло… И денеска конечно победа на хармонијата над хаосот!

Многу бевме, ако ви речам 30.000, сметајте 40.000, зошто опозиционите медиуми велат 50.000. Бројката е неважна, важно е што не палевме, никој не се тепаше ни со полицијата, ниту за микрофонот, немаше маскирани и многу малке луѓе носеа “партиски обележја“.

Доминираше шеснаесет кракото македонско сонце. Доминираше како НАЦИОНАЛНО ЗНАМЕ, но и во општата симболика (маици, капчиња, транспаренти) доминираше со над 80%. За ова се бориме повеќе од 20 год. Доминираше сплотеноста и македонштината. Постојано се слушаше “Никогаш северна-само Македонија“. И за прв пат денес реално ја осетив потребата на народот за МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНСКО, МАКЕДОНЦИ! За прв пат гордо и непречено ги истакневме транспарентите и пораките со трите НЕ од референдумот. Луѓето не поздравуваа, гушкаа и охрабруваа да издржиме. Повеќе од 20 луѓе ми побараа да се сликаат со транспарентите НЕ за НАТО, НЕ за ЕУ, НЕ за северна…

Мојот заклучок е дека проработи исконското чувство за преживување, желбата за живот и будење од СМРТНИОТ СОН (еден е изборот).

Во Македонија имаше многу ‘‘револуции‘‘, за жал повеќето последователни крајно негативни по нас (револуција на УЧК, портокалова револуција, шарена револуција, дури и терористичкиот напад од Косово, познат како “Диво насеље“ беше најавен како нова албанска револуција!)…ЗА ЖАЛ.
Со секоја ваква револуција, Македонија и Македонецот тонеше како во жива кал. Нооо денес се радувам по подолго време, сватив дека почнавме да испливуваме. Почнавме како народ да ја сваќаме суштината: КОЈ Е НЕПРИЈАТЕЛОТ и што потаму!

Денес започна МАКЕДОНСКАТА СОНЧЕВА РЕВОЛУЦИЈА, револуција за спас на народот, идентитетот и земјата. Револуција во општеството и начинот на опстојување. Оваа македонска сончева револуција ќе се разликува од Сончевата револуција во Јапонија, ќе се разликува и од Сончевата револуција во Аргентина…не само по агресијата, судирите и физичкото насилство. Туку ќе биде револуција во УМОТ, ДУХОТ И ДУШАТА на Македонецот. Дали таа, ќе биде и одбрана на државата и идентитетот ќе зависи од нас, (не од нато, еу, соседите).

Нека ни е за многу години и одиме јако до падот на хунтата!

МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ!

Бидете дел од Родина, за враќање на Македонија!